09 Мај, 2024
0.1324

ИМА ЗМИИ, НЕМА ЈАВНИ ПЕРАЛНИ И СУШАРИ, СЕ ШИРИ СМРДЕА - вака ѓорчепетровци му вратија на градоначалникот кој не им дава да им се гледаат алиштата

Објавено во: Македонија 26 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во општината има змии и нема јавни перални и сушари за алишта, се шири смрдеа од канализација и нечисти одводи, ама градоначалникот на Ѓорче Петров решил да ја разубави општината, со тоа што нема да се гледаат алишта поставени да се сушат по дворовите и терасите!!!

Вака граѓаните на општина Ѓорче Петров реагираа на потсетувањето на нивниот градоначалник Александар Наумоски, што го направи преку Фејсбук, дека според новите измени на одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување, граѓаните не смеат да сушат алишта во своите дворови, ако истите гледаат кон улица или плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, додаде Наумоски во коментар под објавата.

Граѓаните, пак, главно реагираат со револт, а многумина тераат и мајтап, при што главна забелешка е дека кој каде суши алишта треба да се последен меѓу приоритетите на општината.

„Не сушам алишта, ама и со змииве нешто да се направи. Дексион, излезена од несреденото земјиште кај црвените згради близу очната клиника. Исто така некој си постави и гулабарник. Град ли е село ли е“, пишува еден жител.

Дава и слика од змијата.

„Прво треба да постојат јавни перални со сушари, па потоа ова да се спроведе, виделе нешто од Европа и ќе применуваат, згора на тоа во Мк просеча плата не е 1200 евра па да може секој да си дозволи да купи сушара,така да овој предлог ви е нула“, пишуваат граѓани.

„Не сум од Ѓорче ама морам да ви пишам. Не ми е јасно како ви дошла оваа идеја. Како да не сте прошетале низ Ѓорче и не сте ги виделе куќите таму. Некои куќи воопшто не ни имаат дворно место што не е насочено кон улица/плоштад. Што очекувате со оваа мерка? Дека овие кои немаат такви дворни места, да им стават тркалца на темелите на својата куќа и да си ги преместат куќите?
Вие добро знаете дека сите нема да го направат тоа и не ни можат. А сметам дека намерно ја спроведувате оваа одлука, за кога би почнале да казнувате со вртоглави суми луѓето да немаат друг избор освен да им го продадат својот имот на градежните мафиози да изградат нови згради во Ѓорче затоа што им ја пикирале населбата како својата следна жртва.
Нека не биде ова механизам за пример за останатите општини.
Биди против урбаната мафија. Отповикај ја оваа одлука!“, коментира друг граѓанин.

Смрдеа од канализација, нефункционални одводи, поплавени улици и гаражи и од мал дожд, одвратна смрдеа и загаден воздух кој се чувствува и во летниве месеци, ГП нема ни мерна станица за состојбата со воздухот, сигурно се палат некои помали депонии и пластика на територија на ЃП, поради загадениот воздух не може надвор да се сушат алиштата... коли паркирани по тротоари (таму каде што има тротоари, бидејки и на поголемите улици нема тротоари), се вози над дозволената брзина по ул. Борис Сарафов постојано, имаш и жртви... на велосипедската патека на Борис Сарафоф треба да се стават столпчиња... неозначени улици, ниту хоризонтална, ниту вертикална сигнализација...“, пишуваат граѓани. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција