ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер
Објавено во: Свет 20 Април, 2024
САД ја повлекуваат војската од Нигер. Нешто повеќе од илјада американски војници се стационирани во Нигер.
Американската војска во Нигер оперира од две бази, вклучително и база за беспилотни летала позната како Воздушна база 201 изградена во близина на Агадез во централен Нигер за повеќе од 100 милиони долари.
Од 2018 година, базата се користи против милитантите на Исламската држава и организацијата Џемаат Нусрат ал Ислам вал-Муслимин, која е огранок на Ал Каеда во Сахел.
„САД ќе ги повлечат своите војници од Нигер“, изјави доцна синоќа извор за Ројтерс, додавајќи дека е постигнат договор меѓу американскиот заменик државен секретар Курт Кембел и раководството на Нигер.
Лани војската ја презеде власта со државен удар во Нигер. До пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција.
Тие ќе си заминат и од друга земја. Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи додека Русија го проширува влијанието во Африка.
САД ризикуваат да го загубат своето воено присуство во друга африканска земја бидејќи владата на Чад испрати писмо во кое се заканува дека ќе го прекине критичниот безбедносен договор, потег што се заканува да и отстапи поголемо влијание во регионот на Русија, пренесува „CNN“.
foto EPA