19 Декември, 2025
0.0717

„ИМАЛ САМО 11 ГОДИНИ А ИЗГРАДИЛ ЗГРАДА ВО ЧАИР, НА 12 ГОДИНИ СВОЕРАЧНО ПОДНЕЛ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА“: Арсовска откри шокантен случај од општина Чаир

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2025 14:08

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во име на градот, поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Како што посочи Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон чија изградба, само на еден објект чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии се над 1.5 милион евра.

Арсовска нагласи дека во Чаи има повеќе од 150 вакви згради и тоа по 12 ката. Сите изградени без дозволи и проекти. Како што вели градоначалничката, со овие згради буџетот на граѓаните е оштетен за 225 милиони евра, криминал, за кој, како што нагласи знаел или требале да знаат градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и неговите соработници.

Арсовска покажа две официјални сателитски снимки од Агенцијата за катастар на недвижности од 2017 година каде на локацијата ги нема дивоградбите, а Законот за легализација пак важи единствено за објекти изградни пред 2011 година. 

-Магично во втората половина на 2023 година отпочнува плоча, што станува зграда на 12 ката во 2024 година. Е сега, нас Висар Ганиу се обидува да не убеди дека се ова е легално. Иновацијата е што оваа зграда изградена во 2024 година ја аплицирал со свое барање извесен Беким Аземи, кој што е брат на претходниот 15-годишен иноватор, Бујар Аземи. Иновацијата е што Беким Аземи е најмладиот претприемач во Македонија во изминатото столетие. Тој според документацијата што е презентирана ја изградил оваа зграда во 2010 година кога имал само 11 години, а на 12 години своерачно поднел барање за легализација. Затоа и не е чудо што сме сме четврта најуспешна економија во Европа, затоа што нашите млади уште од 12 години градат згради во Чаир и стануваат милионери. Да резимирам, ова е криминал, изјави Арсовска.

Арсовска, исто така, посочи дека Висар Ганиу во три годни има направено повеќе дивоградби од сите општини заедно што имаат предмети.

-Ако сите скопски општини имаат стотина предмети, Висар Ганиу има 13 илјади предмети, што сам го има лично кажано. Дали може да замислите колку од овие се всушност незаконски направени… зборуваме за многу посериозна работа, за небезбедност и непврада, зборуваме за луѓе кои се измамувани да купуваат станови во објекти што не се свесни дека се нелегални, изјави Арсовска.  

Според Арсовска финансиската штета за само еден ваков објект е над 1,5 милион евра. -За 150 вакви дивоградби во Општина Чаир тоа се 225 милиони евра, тие се пари на граѓаните, кои треба да се влеат во буџетот и да се трошат за вашите, нагласи Арсовска.

Фото:МИА

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината