ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина
Објавено во: Економија 25 Декември, 2024
Русите велат дека преку други рути, независно од Украина можат да достават гас во Европа.
Рускиот потпретседател Александар Новак во интервју за телевизијата „Русија 24“ изјави дека Русија е подготвена да продолжи со испораката на гас во Европа преку неколку рути.
„Во Европа ситуацијата со гасот е веќе тензична – резервите во нејзините складишта се за три до пет проценти помалку од просекот за последните пет години“, изјави тој.
Од 1 јануари 2025 година, Украина нема да дозволи транзит на руски гас преку нејзината територија до Европа. За гас од други земји би дозволиле транзит, но не и за рускиот. Словачка се побуни, но украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини премиерот Роберт Фицо дека сака да му помогне на рускиот претседател Владимир Путин да заработи пари.