МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?
Објавено во: Економија 25 Декември, 2024
Просечната плата во Србија изнесува 842 евра. Информацијата ја објави Републичкиот завод за статистика.
Растот на бруто и нето-платите во периодот јануари-октомври 2024 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,4 отсто, а реално 9,3 отсто.
Споредено со истиот месец лани, просечната бруто-плата за октомври 2024 година е номинално повисока за 13,7 отсто, а реално за 8,8 отсто, додека просечната нето плата е номинално повисока за 13,6 отсто, односно реална за 8,7 отсто.
Медијалната нето заработка за октомври 2024 година изнесува 76.895 динари(657 евра), што значи дека 50 отсто од вработените во државата ја земале таа сума.
Во регионот, Македонија заостанува со висината на платите.