26 Декември, 2024
0.0279

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Објавено во: Економија 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да ја зајакне борбата против корупцијата и да го унапреди интегритетот во општеството. Оваа иницијатива е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“, поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

На состанокот, кој се одржа во просториите на Стопанската комора, беа презентирани активностите на Стопанската комора во рамки на проектот, вклучително и резултатите од анкетата што Комората ја спроведе за изложеноста на компаниите на коруптивни барања од јавниот сектор во 2023 година. Беше дискутирано и за обуките за бизнис интегритет, кои се дел од проектот, а опфаќаат поставување на систем за интегритет во компаниите, усогласување со меѓународните и европските стандарди, примена на мерки за спречување на корупцијата и поттикнување на етичка деловна средина.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Комората, Бранко Азески и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Тој предвидува одржување на средби меѓу претставниците на двете институции, со можност за вклучување на компании членки на Комората и други релевантни институции со надлежности за спречување на корупцијата. Оваа рамка за соработка опфаќа учество во работни групи заради промена на законска и друга регулатива од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и учество во изготвувањето на новата национална стратегија за спречување на корупцијата и имплементација на активностите од истата. Меморандумот предвидува соработка при реализација на настани-јавни дебати, работилници, конференции, тренинзи насочени кон зголемување на свеста кај јавноста за прашања поврзани со спречување на корупцијата и јакнење на интегритетот.

Програмата „Граѓаните против корупцијата“ е предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработкаподдржана од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД),а се реализира преку Конзорциум на разновидни учесници, меѓу кои и Комората како претставник на приватниот бизнис сектор.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА - потребни се години за поврат на производството

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА - потребни се години за поврат на производството