26 Декември, 2024
0.0272

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Објавено во: Економија 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Со цел попрецизно информирање, ве известуваме дека Меморандумот за соработка е потпишан помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини.

Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, како орган во состав на Министерството, е одговорен за спроведување на инспекциски надзор и контрола во областите на енергетиката, рударството и минералните суровини.

Со овој Меморандум, трите институции ја зајакнуваат меѓусебната соработка за подобрување на ефикасноста и транспарентноста при надзорот и управувањето со природните ресурси на Република Северна Македонија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, потенцираше дека соработката со УЈП претставува чекор кон воспоставување подобар систем за мониторинг и контрола на работењето на концесионерите.

„Нашата држава располага со значајни минерални богатства, но одговорното и законско управување со нив е од суштинско значење за економскиот раст и заштитата на природните ресурси. Со овој меморандум ја комбинираме експертизата на Министерството и капацитетите на УЈП за да ги зајакнеме инспекциските процеси и да осигуриме дека секој кој користи национални ресурси го прави тоа законски и соодветно.“ изјави министерката Божиновска.

Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, истакна дека оваа соработка ќе донесе ново ниво на синергија меѓу двете институции, преку размена на информации, знаења и практични алатки за инспекциска контрола.

„Со заедничка работа ќе обезбедиме поголема ефикасност во следењето на приходите и обврските на концесионерите, што ќе придонесе за зголемување на буџетските средства и праведна распределба на ресурсите.“ рече Петрова.

Во рамки на Меморандумот, предвидено е да се овозможи навремена и ефикасна меѓусебна размена на податоци, координација и известувања во постапките за следење на плаќањето на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и за концесија за експлоатација на минерални суровини, што ќе ја унапреди брзината и точноста на контролите.

Министерството за енергетика и УЈП остануваат посветени на заедничката визија за транспарентна и праведна употреба на националните ресурси, со цел обезбедување економска стабилност и долгорочна корист за граѓаните на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА - потребни се години за поврат на производството

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА - потребни се години за поврат на производството