Имало обид за ликвидација на Петар Богојески?
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2022 09:50
Автомобил вчера се обидел да го истурка Петар Богојески од Македонски концепт на патот Крушево - Прилеп со цел да предизвика сообраќајка несреќа.
Богојески за Фактор потврдува дека случајот е пријавен во полиција, дадени се податоци за возилото, а сега на потег е МВР.
„Очекувам да ме известат кои се лицата и кој е мотивот за стореното. Сега се чека на МВР“, вели Богојески.
Објаснува дека следењето почнало од неговата семејна куќа во Крушево, а во неколку наврати се обиделе да го истуркаат од патот и тоа на критични места, мостови, црни сообраќајни точки. Богојески не е повреден.
Претходно, порталот „Народен глас“, повикувајќи се на извори во МВР објави дека се бара возило мерцедес С220 сива боја, со која бил нападнат самиот Петар. Напаѓачите дури четири пати се обиделе да го истуркаат од патот и да предизвикаат сообраќајна несреќа. Прогонот на Богоjевски започнал по излезот на Општина Кривогаштани во правец кон Прилеп при што двата обиди биле кај двата мостови од одводните канали, еднаш кај спортскиот аеродром во село Коњари и потоа непосредно четвртиот пат пред влезот на градот Прилеп кај местото обележано како црната точка на патот кон градот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




