19 Декември, 2025
0.1019

Имам само 21 година, 10 од нив ми ги уништи Груевски

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 10:42

Добивај вести на Viber

Без цензура и трпение имам потреба да напишам неколку збора!

Излегов, гласав, чекав, внимателно следев, направив се што беше потребно, како достоинтвен, чесен исовесен граѓанин на оваа земја. Но, не за да прославам победа на СДСМ, туку, да сведочам на поразот на ВМРО – ДПМНЕ.

Јас никогаш не сум бил дискретен, кога се во прашање општествените проблеми и политичките партии. Оти не сум обоен, немам никаква грижа на совест, немам никакво фајде од никого. Само сум совесен, чесен и дејствувам со здрав разум, без да играм онака, како што некој ми свири.

Од диктатури ми е преку глава!

Имам само 21 година, 10 од нив ми ги зеде тој Никола, ми ги уништи. Истиот тој, кој мнозинството денес го поддржуваше, квази патриотски навиваше и предвремено славеше за неговот суров, нечесен успех.

Јас кревам раце, драги пријатели. Доста е!

Дадов се од себе, спиев на факултет, пред Влада, протестирав, шетав по тоа улиците, лево – десно.. но, залудно!

Да, можеби е густо, тесно, или како год вие милувате да ја наречете моментална ситуација. Но, мене доволно ми е што видов процентуална статистика, која брои илјадници граѓани (за жал), кои после се, пак ги поддржаа дотичните, истите оние кои ни ја земаа младоста!

После сиот криминал, кој излезе на виделина.. скапи коли, вили, кули, плацеви, убиства, лаги. После се, вие пак бевте послушни и плашејќи се да не го загубите работното место, покачената пензија, бесплатна бања или можеби тоа нешто – ветено, гласавте за нив.

Жал ми е што јас, а и многумина мои пријатели веќе од утре на оваа земја, на овој народ и менталитет ќе гледаат со поинакви очи.

Жал ми е што веќе нема да творам, нема да пеам, да учам, да зборувам, да настапувам. Жал ми е што веќе нема ни со мал прст да мрднам, додека сум овде. А, нема да сум уште долго!

Во прва прилика, уште утре (чинам), ќе си заминам.

Оваа е премногу за мене, како свесен, чесен, совесен и одговорен граѓанин.

Се дур постои еден, кој за нив ќе гласа, од оваа земја не бидува асална држава. Жал ми е, да, но, тоа е, што е!
Збогум, Македонијо!
Збогум, пријатели!
Збогум, сестро!
Збогум, мајко, татко!
Збогум, љубов!
Збогум, познаници!
Збогум, истомисленици!
Збогум, сељачишта!
Збогум, медиокритети!
Збогум, Никола!
Збогум!

Вашиот Марио! Марио Арангеловски!
Студент на Филозофски факултет во Скопје, 21 година, од Куманово.
Збогум…

(Фејсбук статус)

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината