15 Декември, 2025
0.0539

ИМАМЕ ДОВОЛНО И КИНИН И СУМАМЕД - ако се дозволи, мoже да се лекуваат 10 илјади пациенти

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020 14:33

Добивај вести на Viber

Во земјава има доволни количини и на кинин, лекот против маларија, и на сумамед, антибиотик, лекови за кои најновите светски студии укажуваат дека ако се користат во комбинација, можат да бидат ефикасни во лечење на заболените од опасниот коронавирус. 

Во последниве неколку дена, откако во јавноста излегоа информации за ефикасноста на оваа комбинација лекови против КОВИД-19, голем број граѓани, кои се познати по тоа што сакаат сами да се лекуваат, нагрнале во аптеките, купувајќи огромни количини од антибиотикот сумамед, кој се користи за лекување на респираторни заболувања. 

Нашите граѓани, кои се познати по тоа што сами сакаат да се лекуваат, деновиве ги нападнале аптеките.

„Граѓаните нагрнаа во аптеките, некои купуваа и по десет кутии сумамед“, објаснуваат наши извори од здравствениот сектор.

Никој не знае како граѓаните успеале да купат сумамед без рецепт, со оглед што станува збор за тежок антибиотик.

„На ова нема што да се каже“, велат изворите.

Но, откако здравствените власти во земјава ја увиделе оваа практика, ги повлекле расположивите количини сумамед од аптеките, и отсега тие ќе се издаваат само со таканаречениот бел рецепт, односно лекот да биде препишан од лекар, и би одел само на товар на Фондот за здравствено осигурување, односно се дава само со партиципација.

Од Министерството за здравство тврдат дека лекот против маларија, кинин, во земјава го има во доволни количини, Тоа го укажале и од Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, кои откако ги провериле количините со кои располага земјава, увиделе дека таков лек има на располагање за дури 10.000 пациенти.

„Тоа не е лек што го има во оптек, не се користи во редовна употреба. Но, ние имаме доволни количини кинин, за дури 10.000 пациенти во земјава“, објаснуваат извори од министерството за здравство.

Инаку, за коронавирусот се покажало дека колку повеќе АЦ рецептори има организмот, толку повеќе го напаѓа овој вирус и толку е потешка клиничката слика. Токму за лекот кинин, во комбинација со сумамедот, се покажало дека ја оневозможува експресијата на АЦ рецепторите, па со тоа е во поголем број случаи успешен во лекувањето на заболените. Такви студии веќе има, но ова уште не е со сигурнсот докажано.

Доволни количини има и од лекот сумамед, и покрај наглата побарувачка и купување во последниве денови.

А дали и во земјава ќе се користи таа комбинација, нашите здравствени власти ги завршуваат последните процедури.

„За да почне да се применува таа терапија, има постапка. Тоа го дава прво како предлог Инфективната клиника, потоа треба да го одобри Комисијата за заразни болести, и на крајот Агенцијата за лекови. Првите две постапки се завршени, се очекува уште Агенцијата за лекови, што се очекува да биде направено денеска или најдоцна утре“, велат здравствените власти.

После ова, за еден до два дена и кај нас би требало да започне лекувањето со оваа комбинација на лекови, односно да се аплицира кај пациенти.

Против оваа болест се покажале ефикасни и терапиите против ХИВ и против САРС.

Инаку, на дел од нашите пациенти им се дава и антивирусниот лек тамифлу, но не на сите, туку само на оние кај кои има потреба според медицинските протоколи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро