ИНЦИДЕНТ НА КОСОВО: Непознати лица влегле во дом на Србин и му нанеле повреди
Објавено во: Балкан 13 Август, 2024
На Косово непознати лица влегле во дом на Србин и му нанеле повреди.
Две маскирани лица упаднале во семејната куќа на Ненад Јовановиќ во Косовско Поморавље во селото Горње Кормињане и му нанеле полесни повреди. Откако излегле од куќата пукале од огненото оружје.
Овој настан за Блиц го потврдија во Канцеларијата за Косово и Метохија, а истата вест ја потврди и портпаролот на полицијата во Гњиланскиот регион, Исмет Хашани.
„На 13.08.2024 година околу 00:48 часот, полициската станица Ранилуг добила информација од косовскиот пријавител од с.Горње Кормињане, општина Ранилуг дека две засега непознати осомничени лица прво физички го нападнале со силен предмет, нанесувајќи му полесни физички повреди на раката, а потоа на излез пукале со огнено оружје“, соопштија од полицијата.
Полициските истражители во координација со обвинителот во моментов работат на расветлување на сите околности на случајот кој обвинителот го окарактеризира како „предизвикување општа опасност“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.