ИНЦИДЕНТ: Повикале Брза помош, но не сакале да стават маски и удирале по комбето
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Ноември, 2020
Инцидент имало синоќа на улицата Стокхолмска во Скопје.
Вработените во Итната медицинската помош добиле повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба.
В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица ја пречекале екипата.
Откако едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, тие почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето.
Повикана е полиција, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.