17 Декември, 2025
0.0445

ИНЦИДЕНТИ: Црвен тепих и извалкани билборди го пречекуваат Рама во Прешево

Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2014 11:54

Добивај вести на Viber

Автопатот од Ниш кон македонската граница претпладнево е привремено затворен заради посетата на албанскиот премиер Еди Рама во Прешево. Возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта. Имено делегацијата на Рама, со автобус и автомобили од Белград се упати кон Прешево утрово. По патот и во Прешево има засилени мерки за обезбедување на албанскиот премиер. Непосредно пред пристигнувањето на Рама во Прешево непознат сторител ги измачкал со црна боја билбордите со негова слика на кои пишува „Добредојде, премиеру!“. Според информациите на српските медиуми, млад човек фрлил ќеса со боја врз билбордот со ликот на Рама, по што веднаш побегнал. Полицијата тргнала во потрага по него. Рама треба да се обрати во Домот на културата во Прешево, каде веќе го очекува црвен тепих и околу 1.000 граѓани за да го поздрават. Меѓу насобраните има и деца со албански знамиња. При посетата на Прешево, албанскиот премиер е предвидено да се сретне со политички претставници на Албанците во јужна Србија. Од страна на општина Прешево на Рама ќе му биде врачено и признание почесен граѓанин.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата