19 Декември, 2025
0.0484

Индекс на просперитет: Македонија на средина, ама дали е „златна“?

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2012 10:36

Добивај вести на Viber

Со освоено 12-то место САД повеќе не е на листата на водечки 10 најпросперитетни држав. Оваа листа се прави се прави според богатство и благосостојба на граѓаните. Ова го покажува годишниот индекс на просперитет, кој го составува советодавната организација „Легатум институт“. Најдобро рангирани се три скандинавски земји - Норвешка и Данска кои ги задржаа водечките позиции кои ги имаа и во 2011, и Шведска која ги престигна Австрија и Нов Зеланд и се најде на третото место. Останатите во првата десетка се Канада, Финска, Холандија, Швајцарија и Ирска. На последното место меѓу 142-те земји на листата е Централноафричката Република. Македонија се наоѓа на средина на листата - на 75 место. Подобро рангирани од Македонија се Словенија на 24 место,  Хрватска на 50 и Црна Гора на 57-то. Зад земјава се Србија на 79 место, Албанија и Босна и Херцеговина на 92 и 99 место. Индексот на просперитет се креира во последните шест години и се заснова на осум категории меѓу кои се економската сила, образованието и раководењето со земјата. Индексот покрива 96 проценти од светската популација и претставува обид за поширока економска дијагноза на земјата, покрај индикаторот како што е бруто домашниот производ. Светскиот индекс за просперитет на државите  го објави британскиот „Гардијан“.  Во предвид се земаат економијата, социјалниот капитал на државата, јавната управа, личните слободи и права, здравството, образованието, безбедноста и условите за претприемаштво. Извештајот покажа дека и во време на најголемата светска криза од Големата депресија во 1930 година, глобалниот просперитет пораснал во сите региони во изминативе 4 години, иако чувството за безбедност е загрозено поради тензиите на Блискиот исток и стравот од криминал во Латинска Америка.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка