Инциденти на трибините, искри во политиката - Редовни навивачки бељи или смислено сценарио
Објавено во: Анализа 02 Септември, 2025 07:55
Навредливи националистички скандирања на трибините, „глуви“ политичари и зачестени меѓуетнички инциденти и тензии. Оваа слика како да се повторува пред секои избори во последните десетина години, а во главна улога се навивачките групи, особено тие кои се под контрола или влијание на центрите на моќ, особено меѓу партиите и безбедносните органи.
Подгревањето на националистичките страсти често се користи за подигнување на рејтингот на политичарите, едните наводно ги штитат интересите на својата етничка група, а другите наводно се неконструктивни и опасни, и секогаш имаат „црни сценарија“ за нарушување на изборниот процес.
Но, по речиси четири децении независност и „вежбање“ демократија, дали македонските гласачи конечно ги проѕираат овие обиди на центрите на моќ. Ако се гледа според расположението на социјалните мрежи очигледно не баш. И натаму има „усвитени“ глави кои не штедат навреди за припадниците на другите етнички групи, и потајно се тешат дека „еве сега нашиве конечно ќе им го покажат местото“.
Додека предизборната кампања се одвива и многу помирно од очекуваното, без слики од минатото како на пример демолирање партиски штабови или провокации меѓу партиските активсти, овој пат сме сведоци на зачестени „искри“ на трибините и меѓу навивачките групи.
„Политичките партии кои немаат вистинска визија за иднината, ниту знаења за функционирањето на државата, ниту пак желба да работат во интерес на граѓаните, секогаш ќе играат на етничката карта. Во вакви услови подигањето на етничките тензии претставува најдобра алатка на партиите во борбата за власт,“ вели професорката Мирјана Најчевска.
Дали стана вообичаена пракса пред избори да се подгреваат меѓуетничките конфликти, да се употребуваат навредливи слогани преку навивачките групи и да се иницираат инциденти на спортските настани за кревање на рејтингот на политичките партии?
„Се додека не разбереме дека демократијата не може да се гради врз етнички основи меѓутоа дека самата демократија нуди решенија за меѓуетничките односи нема да се промени ни предизборната реторика“, смета Најчевска.
Станаа ли македонските избирачи свесни за овие политички игри или и натаму има лесно запалливи категории на гласачи кои емотивно реагираат на овие теми и врз основа на тоа ги формираат своите ставови пред изборите, и дали очекувате оваа реторика да се засили и какви би биле последиците од истата?
„Не. Македонските бирачи не се свесни за овие игри. Имајки предвид колку е ниско нивото на политичката култура во Македонија, македонските бирачи претставуваат лесно запаллива материја и лесна мета за манипулациите на политичките партии“, заклучува Најчевска.
Х.С.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





