05 Декември, 2025
0.0499

Индијци со идеја за градба на универзитетски комплекс кај Велес

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2012 18:04

Добивај вести на Viber

CEL Pvt Ltd , индиска компанија планира да гради образовен комплекс во околината на Велес во кој би биле сместени странски образовни школи. -Се решивме да инвестираме во образованието во Македонија имајќи предвид дека таа има централна географска позиција, со одлична политичка волја и поволни можности за инвестирање. По опсежна анализа од 8 до 12 месеци одлучивме дека Македонија е најдоброто место за инвестирање во образованието, изјави генералниот директор Амбриш Чадра. Според него, има голем интерес за проектот од присутните на конференцијата, но клучни ќе бидат следните неколку месеци кога ќе се прецизираат сите детали за негова реализација. Можностите за инвестирање во образованието во Македонија денеска беа презентирани пред претставници на реномирани европски и светски универзитети за време на конференцијата „Macedonia Education One World“. Според премиерот Никола Груевски, напредокот во образованието е фундаментален метод за севкупен општествен напредок на државата, а визијата на Владата е Македонија да прерасне во регионален образовен центар кој ќе продуцира високостручен образовен кадар. - Нашата интенција е Македонија да прерасне во регионален образован центар. Оттука, нашата стратешка определба е постојано инвестирање во науката и во образовниот систем и поддршка на сите инвестиции на ова поле, отворање на нови универзитети, поврзување со странски универзитети, развивање на заеднички научно-истражувачки проекти, развој на заеднички програми за студирање, размена на студенти и професори, стипендирање на наши студенти кои студираат на најпрестижните универзитети во светот, како и привлекување голем број странски универзитети да отворат високообразовни установи во Македонија, истакна Груевски во обраќањето на конференцијата. За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денешната конференција е можност европските и светските универзитети да ја позиционираат Македонија на нивните мапи и да пренесат дел од нивниот образовен процес во државава. - Македонија нуди многу како дестинација за инвестиции. Се наоѓа во средина каде се присутни сите можни фактори за реализација на образовниот процес и е блиску до европските земји. Се надевам дека ќе го предизвика интересот на сите кои денеска се присутуни и оти во блиска иднина ќе можеме да констатираме дека ќе има инвестиции и во секторот на високото образование од страна на европските и светските универзитети, изјави вицепремиерот Ставрески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“