ИНДИСКИОТ СОЈ ДЕТЕКТИРАН И ВО МАКЕДОНИЈА: Пациентот се вратил од Ирак, итно е хоспитализиран во приватна болница
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2021 11:03
Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во
приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2.
Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил
од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во
земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.
Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, информира Министерството за здравство.
Истовремено посочуваат дека епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава.
-На Клиниката за инфективни болести за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани, се наведува во нивното соопштение.
Инаку, министерот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на владиниот Кризен штаб предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15. јуни, на територија на цела држава.
Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




