17 Декември, 2025
0.0853

Индиските органи бараат затвор за Субрата Рој, судот му даде време да ги врати долговите!

Објавено во: Економија 31 Јули, 2013 08:09

Добивај вести на Viber

Субрата Рој доби дополнително време за враќање на парите на инвеститорите, во случајот што СЕБИ, индиското регулаторно тело го води против Сахара. „Врховниот суд ги ислуша аргументите на СЕБИ, пазарниот регулатор, што се однесуваат на непочитувањето на судската одлука и улогата на Рој и ја одложи постапката до 6 август заради дополнително обезбедување аргументи и одбрана“, пишува „Бизнис стандард“. Во исто време СЕБИ од Врховниот суд побара казна и Субрата Рој, лично да биде казнет со затвор од 6 месеци, како и директорите на компаниите „Сахара Индиа Реал Естејт Корп“ и „Сахара Индија хаусинг инвестмент корп“ поради доцнење со враќање на 4 милијарди долари на малите акционери, пренесоа индиските медиуми.
Советникот во СЕБИ, Арвинд Датар, пред судот изјави дека „Сахара“ компаниите не ги испочитувале директивите на судот.
„ Тие побараа дополнително време, а потоа не го испочитуваа, потоа наведоа дека веќе платиле и кога оваа жалба беше отфрлена, тие повторно побараа дополнително време што исто така беше отфрлено. Мора да се води сметка дека судот не ја прифати нивната молба. Неисплаќањето на парите е еднакво на непочитување на судот“, изјави Датар. Датар смета дека Рој е во иста положба како и директорите на компанијата“, изјави тој. Инаку, уште кон крајот на јули годинава, Врховниот суд им дал рок на компаниите на Субрата Рој до 30 јули да го вратат долгот кон инвеститорите. Како ова ќе се одрази на инвестициите во Македонија се уште не е познато, иако Рој уверуваше дека проблеми нема да има. Сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале. Поради ова  Врховниот суд ја задолжи компанијата да го  врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следувало замрзнувањето на сметките.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас