ИНДУСТРИЈАТА НА ДНОТО: Погодени Германија, Шпанија, Франција, Италија
Објавено во: Економија, Корона Вирус 12 Јуни, 2020
Индустријата во еврозоната го доживеа својот најголем пад во април.
Поради пандемијата на коронавирус беше прекината производствената активност, покажуваат објавените статистички податоци на Евростат.
Индустриското производство во 19-те земји членки на монетарниот блок се намалило за 17,1 процент во април на месечно ниво, а на годишно за 28 отсто, што е најмногу од 1991 година, кога почна да се води оваа евиденција за еврозоната.
Германија има пад на индустриското производство во април од 30,2 отсто на годишно ниво, додека Франција и Италија, кои се другите две најсилни економии во блокот, регистрирале уште поголем пад, во износ од 34,9, односно 42,5 проценти.Шпанија има пад на индустријата за 34,3 отсто.
Луксембург имам најлоши резултати, и кај нив индустријата доживеа пад за 43,9 проценти во април.
Ирска е единствената земја меѓу 27-те земји членки на ЕУ, која во април остварила раст на производството за 5,5 отсто на годишно ниво.
Поради пандемијата, сите економски параметри во еврозоната се лоши.
Расте невработеноста и се намалува економскиот раст.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.