05 Декември, 2025
0.0508

Индустриското производство непрекинато паѓа, металната индустрија најпогодена

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012 14:53

Добивај вести на Viber

Намалената побарувачка од странство, високите цени на енергенсите, зголемувањето на цените на репроматеријалите и тешкиот пристап до пари се проблемите со кои се уште се соочуваат домашните компании, а тоа го потврдува и податокот за индустриското производство кое константно паѓа од почетокот на годинава, при што само во октомври се забележува пад од 4,6% во споредба со истиот месец лани. Најголем е ударот врз рударската и врз металната индустрија, каде што производството во октомври е намалено за 13,7% и за 7,5%. Дел од компаниите веќе не се оптимисти за до крајот на годината ниту пак предвидуваат подобрување за почетокот на идната. Металната индустрија најпогодена Статистиката покажува дека од преработувачката индустрија најголем пад има во производството на метали, 7,5% во октомври во споредба со истиот месец лани. Производство на прехранбените производи пак е намалено за 1,4%. Раст на производството се забележува единствено кај пијалаците за 42,3%, текстилот 15,9% и облеката за 30,6%. „Очигледно е дека долгорочни прогнози за производството и да сакаме, не можеме да дадеме затоа што ситуацијата е толку неизвесна што само едно е сигурно а тоа е дека на кратки стази нема да има промени ниту пак подобрување на состојбите. Годинава ќе ја завршиме како и досега што работевме, со намалено производство, редуциран број на вработени и сл. Според нашите пресметки нема да има промени ниту во првиот квартал од идната година, но тогаш веројатно ќе имаме пореални информации да ни кажат како и што да планираме“, вели Александар Панов, генерален директор на Макстил. Секторски гледано во октомври производството потфрлило и во рударство и вадење камен за 13,7%, снабдување со енергија пад од 26,8% и преработувачка индустрија опаѓање од  1%. „Ние успеавме некако годинава да не го намалиме производството и да не отпуштаме работници. Што се однесува до идната, во зависност од состојбите, планираме да ја одржиме истата ситуација со истиот обем на производство како годинава“, вели Максим Прохоров од Саса. Споредено со првите десет месеци од годинава во споредба со истиот период лани, падот на индустриското производство изнесува 6,7%. Во истиот период, според главните индустриски групи, производството најмногу опаднало кај енергија за 20,8% и трајни производи за широка потрошувачка за 36.4% Соња Јованова Наумовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала