ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СО НОВ РАСТ - еве кои сектори имаат најголем придонес
Објавено во: Економија 29 Август, 2025 13:49
Индустриското производство во јули годинава е зголемено за 4,1 проценти во однос на јули лани, а за три проценти во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државен завод за статистика.
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, имаат одделите за производство на електрична опрема со 15,3 проценти, на машини и уреди, неспоменати на друго место со 4,6 проценти и на моторни возила, приколки и полуприколки со 26,5 проценти.
Во секторот Преработувачка индустрија, индустриското производство бележи пораст од 7 проценти, а опаѓање во Рударство и вадење на камен опаѓање од 10.4 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 7.5 проценти.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: производство на тутунски производи, на текстил, на облека, печатење и продукција на снимени медиуми (записи), производство на производи од гума и производи од пластични маси...
Според главните индустриски групи, производството во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,5 проценти, Капитални производи за 18,6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,5 проценти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





