Инфективната клиника во Скопје нема повеќе места
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Октомври, 2020
Инфективната клиника во Скопје нема повеќе слободни места за пациенти.
Сите капацитети се исполнети, објави „360 степени“, повикувајќи се на потврда од министерот за здравство, Венко Филипче.
„Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, изјавил министерот.
На помош е дојден и персонал од Клиниката за пулмологија и алерголија и од Институтот за белодорбни заболувања и туберкулоза.
Вчера се регистрирани 393 нови заболени од коронавирусот. Од ден на ден бројките се се полоши. Ако вака продолжи ќе се врати карантинот, како што најави Филипче.Во неколку болници во внатрешноста деновиве беше соопштено дека нема празни места, туку дека пациентите ќе се носат во Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.