Инфектологот Фаучи кажа кога светот ќе се врати во нормала
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Септември, 2020
Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година, тврди инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести.
Тој изјави денеска дека враќање на нормалниот живот може да се очекува кон крајот на 2021 година.
Фаучи кажа дека дотогаш е неопходно стриктно почитување на пропишаните мерки како што се заштитна маска, физичка дистанца, избегнување собири и повеќе престојување на отворено.
– Доволно е да се вакцинираат 75 отсто од светската популација за да се запре ширењето на вирусот, потенцираше Фаучи.
Вели до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина. Мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници. Во светот сега има 32 милиони заразени со коронавирусот. САД, Индија и Бразил имаат најмногу инфицирани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.