18 Декември, 2025
0.0615

„ИНФЛАЦИЈАТА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ“: Веќе бележи надолен тренд во светот, еве какви се очекувањата за Македонија

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2023 10:11

Добивај вести на Viber

Финансиската стабилност на македонската економија е силна и длабоко зајакната во изминатите години. Банките се добро капитализирани, профитабилни, нивото на нефункционални кредити е прилично ниско, така што не сме загрижени за стабилноста на финансискиот систем на оваа земја, вели Питер Санфеј, потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Санфеј е сигурен оти инфлацијата ќе продолжи да се намалува, оценувајќи дека Народната банка одговорила претпазливо со промислен пристап со зголемување на основните каматни стапки како најдобар начин за да се намали инфлацијата.

- Имавме многу значаен пораст на нашите инвестиции во 2022 година и продолжуваме да се ангажираме во низа проекти во многу сектори од економијата заедно со совети за политики - вели потпретседателот на ЕБОР.

Тој посочува оти инфлацијата беше многу тежок предизвик за глобалната економија во последниве година-две, и дополни дека таа растеше во речиси сите економии. 

- Јас сум сосема убеден дека стапките на инфлација го достигнаа врвот сега, таа е во надолен тренд во глобални рамки и мислам дека тоа ја одразува концентрираната и навремената реакција од страна на централните банки, а исто така и од државите, така што уверен сум дека инфлацијата ќе продолжи да опаѓа во наредните месеци - посочи Санфеј.

Според него, и одговорот на Народната банка на Македонија е соодветен на инфлациските предизвици. Истакна дека Македонија е мала отворена економија и е ранлива на инфлациски шокови коишто ја погодија глобалната економија, но според него Народната банка одговори претпазливо со нејзиниот промислен пристап со зголемување на основните каматни стапки кои како што нагласи Санфеј се најдобриот начин за да се намали инфлацијата. Според него, веќе се гледа успехот од тоа, инфлацијата се врати на едноцифрено ниво и ќе продолжи да опаѓа во наредните месеци. 

- Финансиската стабилност на оваа економија е силна и мислам дека е длабоко зајакната во изминатите години. Гледаме дека банките се добро капитализирани, профитабилни, нивото на нефункционални кредити е прилично ниско, така што не сме загрижени за стабилноста на финансискиот систем на оваа земја. ЕБОР ќе продолжи да биде многу силен партнер на Северна Македонија во наредните години. Активно инвестиравме во оваа земја во изминатите три децении. Имавме многу значаен пораст на нашите инвестиции во 2022 година и продолжуваме да се ангажираме во низа проекти во многу сектори од економијата заедно со совети за политики, а имаме одлична соработка со властите. Клучно за зајакнување на одржливоста ќе биде унапредувањето на реформите што ќе ја приближат оваа земја до нејзината крајна цел за станување член на Европската унија - посочи Санфеј.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје