ИНФЛАЦИЈАТА ВО АРГЕНТИНА НАДМИНА 250 ОТСТО: еве кои производи и услуги стануваат се поскапи
Објавено во: Финансии, Свет 16 Февруари, 2024
Годишната стапка на инфлација во Аргентина надмина 250 отсто. Поточно, на почетокот на оваа година е забележана инфлација од точно 254,2 отсто.
На месечно ниво, цените во оваа јужноамериканска земја, која страда од тешка економска криза, во јануари пораснале за 20,6 отсто, објави државниот завод за статистика на земјата, Индек.
Медиумите пренесуваат дека, ако на пример дека минатата година во овој период 2 литри сок во продавница во Аргентина чинеле околу 150 динари, денеска тие два литра сок се поскапи за дури 381,3 динари.
Кај групите производи најголем раст имаа производите за лична нега, транспорт и комуникација. Така, Аргентина ја започна новата година со највисока инфлација во земјата од 1991 година кога страдаше од хиперинфлација.
Inflation in Argentina is forecast to have risen 257% year-over-year during January pic.twitter.com/E8r1YgmtWR
— Markets & Mayhem (@Mayhem4Markets) February 11, 2024
Инфлацијата во Аргентина моментално е една од највисоките во светот. Втората по големина економија на Јужна Америка страда од пренадуен државен апарат, ниска индустриска продуктивност и огромен удел на сивата економија во вкупниот број.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.