19 Декември, 2025
0.0450

„ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА МОЕ РАЗРЕШУВАЊЕ БЕШЕ ИСТО ТОЛКУ НЕОСНОВАНА КАКО И ОВАА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА“: Се огласи Коцевски за интерпелацијата од Левица

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2025 13:13

Добивај вести на Viber

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, во однос на поднесената интерплација против него од страна на пратеници од Левица, писмено се огласи со реакција која ја испрати до Собранието.

Вели дека интерпелацијата е правно неоснована, политички мотивирана и е опасен преседан за мешање во самостојноста на обвинителската власт.

Интерпелацијата која ја поднесоа пратеници од Левица има четири клучни точки на обвинување. Селективна истрага за пожарот во Пулс во Кочани, политички договор со Мицкоски, хаос во Вишото Обвинителство во Скопје и непостапување за урбаната мафија во главниот град.

За Кочани Коцевски вели дека обвинителството не работи селективно и дека истрагите опфаќаат сопственици на локалот, обезбедување, одговорни во повеќе институции и високи полициски службеници.

Не постои копоративно обвинение – секој осомничен одговара за свои дејствија“, вели Коцевски, потенцирајќи дека дека се чувствува горд на обвинителскиот тим кој за кратко време прибрал голем број докази. Тврди дека родителите на жртвите биле детално информирани и дека довербата во обвинителството се зацврстува.

На наводите дека е постигнат политички договор со премиерот Мицкоски за негово останување на функција во замена за селективност, Коцевски одговара со категорично негирање.

„Никогаш немало обид за политичко влијание врз мене. Иницијативата за мое разрешување беше исто толку неоснована како и оваа интерпелација“, наведува тој, истакнувајќи дека и Советот на јавни обвинители дал негативно мислење за негово разрешување, а Европската комисија во последниот извештај посочила на недостатоци во иницијативата.

За состојбите во Вишото обвинителство Скопје, Коцевски признава дека имало сериозни проблеми, но дека токму тој презел одговорност.

„Поведов дисциплински постапки против шефот и уште еден обвинител. Дисциплинската комисија едногласно утврди тешки повреди. Ќе молчев ли додека се повлекуваат жалби и се нанесува штета на буџетот?“ – напиша тој.

Во последната точка, која се однесува на наводно непостапување за бесправната градба во Скопје, Коцевски одговара дека веќе се оформени предмети и во ОЈО Скопје и во Обвинителството за организиран криминал. Дел од постапките се во фаза на предистрага, а на надлежните институции им се дадени конкретни наредби за прибирање докази.

„Обвинителството не работи по наративи, туку по факти и пријави. Секој што знае за кривично дело има обврска да го пријави, а не да очекува обвинителството да отвора случаи само врз основа на јавни изјави“, вели Коцевски.

Тој негира дека во обвинителството владее нефункционална атмосфера и додаде дека „оваа интерпелација нема правен основ, ја дискредитира институцијата и нанесува штета на угледот на јавните обвинители. Апелирам до пратениците да ја отфрлат, а со тоа и да ја заштитат самостојноста на обвинителската функција“.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните