05 Декември, 2025
0.0837

Инспекторатот „чешла“ за кумановскиот случај, Димитриевски дециден - не дозволив да загрозам ничие здравје

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Април, 2020 09:08

Добивај вести на Viber

Што ќе каже Државниот санитарен и здравствен инспекторат околу случајот со кумановските настани, денеска ќе биде појасно, по што ќе се произнесат и министерот за здравство Венко Филипче, но и Владата. 

Инспекторатот вчера почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани. Директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова, за МИА изјавила дека надзорот трае и дека засега нема што да соопшти.

„Се прави увид во однс на идентификациите и тестирањата. Ќе го почекам извештајот од инспекторатот, после што ќе излеземе и со официјален став“, рече вчера министерот Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. 

Вчера доцна попладнето кумановскиот градски татко Максим Димитриевски се огласи преку својот фејсбук профил со доста опширно објаснување, каде повторува дека средбата во Куманово не била на негова покана, туку на барање на Владата.

Со оглед на тоа што во јавноста излегоа голем број информации за тоа дека наводно јас и членовите на општинскиот штаб сме биле неодговорни кон заедницата, вели Димитриевски, би сакал да изјавам дека во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена.

„Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на министерството за здравство на локално ниво. Средбата се оствари за дополнително брифирање на владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која укажуваме со недели“, објаснува градоначалникот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите