18 Декември, 2025
0.0666

Инспектори на ДСЗИ влегуваат во битолската болница: Вонредната контрола следува по објавените фотографии

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020 09:21

Добивај вести на Viber

По барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе влезат во Клиничката болница во Битола за да одблизу ги согледаат условите во кои се лекуваат пациентите.

-Вонредната инспекциска контрола во оваа здравствена установа денеска ќе се прави за првиот случај и оваа наша активност ќе заврши во текот на денешниот ден, по што ќе информираме за тоа што е утврдено, вели за Фактор д-р. Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Вели дека во однос на тоа што е прикажано во видеото, пак, ќе следува друг инспекциски надзор на ДСЗИ.

Во текот на вчерашниот ден беа објавени фотографии на кои се гледа дека во една болничка соба  пациенти примаат инфузија кревет до кревет со починати пациенти. Веднаш по нивното објавување директорката на болницата, Билјана Гагачовска изјави дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. Нагласува и дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.

Таа истовремено го информира и Министерството за здравство при што во нејзината изјава се повикува на Законот за здравствена заштита:

-Во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1 стои: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“. Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на Клиничката болница во Битола, Гагачовска.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми