05 Декември, 2025
0.4207

Инспекторите влегоа на клиниките, се готви ли задушување на штрајкот?

Објавено во: Економија 03 Декември, 2012 17:00

Добивај вести на Viber

Клиниките на удар на испекцијата, се бараат пациенти кои не добиле здравствена услуга поради лекарскиот штрајк. Налогот стигнал од врвот, по што инспекторите се упатиле кон клиниките да бараат лекари кои вратиле пациент, но на распит се и пациентите па од нив се бара да им биде посочено дели и од кој лекар конкретно биле вратени. Додека од Државниот санитарен инспекторат уверуваат дека ова биле вообичаени контроли, од Синдикатот на Кличнички појаснуваат, ова е начин на замолкнување на лекарите. „Ова е еден од најцрните денови во земјава за демократијата и за здравството. Од утринава масовна акција на ДСИ кружи по клиниките и зема изјави од лекарите со цел да предизвика страв и да изврши притисок. Јасно е дека ова е класичен случај на монтажа, брутален и отворен пред очите на јавноста. Работата на Државниот санитарен инспекторат нема никаква основа затоа што и до сега на секоја врата и ординација имаше известување од директоротите, доколку има какви било проблеми со лекарите и прегледите, да можат да им се обратат на нив“, истакна Дејан Ставриќ, претседателот на синдикатот на Клиничкиот центар. Од штрајкувачкиот уште еднаш го повикаа Министерот за здравство, Никола Тодоров на одговорност за своите , како што велат непромислени постапки. „Активирањето на целокупниот државен здравствен инспекторат претставува уште една злоупотреба на министерот на државна институција. Прво го злоупотреби судот, а сега го злоупотребува Државниот санитарен инспекторат“, изјави Ставриќ. На денешниот 30-минутен штрајк пред Министерството за здравство, дел од лекарите биле спречени да се појават токму поради распитот од инспекторите. Тие стапија во штрајк на 14-ти ноември, поради воведувањето на платата по учинок. Откако министерот негираше дека му се случува штрајк и одби да ги прими на преговори, тие барања за прием упатија до државниот врв. Додека чекаат одговор, најавуваат дека и покрај притисоците и заплашувањата, штрајкот и понатаму продолжува се до исполнување на нивните барања или изнаоѓање на компромисно решение.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје