05 Декември, 2025
0.3196

Инспекторатот се заканува со отпуштања, лекарите велат сами ќе си дадеме отказ!

Објавено во: Економија 05 Декември, 2012 16:50

Добивај вести на Viber

Над 200 лекари веќе ги напишале своите откази и ќе ги достават до надлежните, доколку се остварат најавените закани од страна на министерот за здравство Никола Тодоров кој со Државниот санитарен инспекторат ќе ги казнуваат штрајкувачите, кои веќе 22 ден, протестираат против новиот начин на бодување на нивната работа и платата по учинок. Веќе се остварија сомневањата за тоа зошто се пуштени инспекторите на Државниот пазарен инспекторат на клиниките ширум земјава, од каде денеска на прес конференција соопштија дека успеале да најдат пет жени со малигни заболувања кои биле вратени од операција на клиниката за гинекологија и акушерство. Според директорот на ДСЗИ, Џевџес Шаќири, имало непочитување на законските одредби од страна на штрајкувачите за што се донесени решенија за итно отстранување на констатираните недостатоци. „При увидот во медицинската документација за петте испишани пациентки нема образложение за причината на испишување и покрај тоа што претходно се извршени сите потребни предоперативни испитувања. На поголем дел од хирушките клиники констатирано е необезбедување на здравствена заштита на итни пациенти и дека не работат амбулантите. Пациентите се упатуваат на клиниките за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и во Ургентен центар Скопје“, информираше директорот на ДСЗИ, Џевџес Шаќири. Од синдикатот на Клинички центар пак за време на денешниот 30 минутен штрајк пред министерството за здравство се пожалија дека и понатаму врз лекарите и медицинскиот персонал кој го поддржува штрајкот се врши притисок од дел на директорите на клиниките. „Загрижен сум за извештаите кои ќе пристигнат, верувам дека инспекторите чесно си ја работат својата работа, но не знаеме под каков притисок ќе се најдат од институцијата која, ќе повторам, го злоупотреби инспекторатот. За ова секако ќе следи тужба од наша страна затоа што ДЦЗИ во време на штрајкот постапуваше предимензионирано како да сме во услови на редовна работа, како да не сме во штрајк“, изјави Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар. Додека протестираа пред вратите на министерот Тодоров, денеска специјалистите носеа и испринтани листови на кои пишуваше „Највредниот доктор Чибишев за министер“, а како реакција на вшерашната прес конференција на директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, кој се жалеше за гужвата на неговата клиника поради штрајкот. Ј.Ј.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија