18 Декември, 2025
0.0486

Институтот за војна ги открива плановите на Украинците на бојното поле

Објавено во: Свет 05 Декември, 2022 16:01

Добивај вести на Viber

Институтот за војна откри клучен дел од украинскиот воен план. Целта е да ги спречат руските сили да ја вратат иницијативата на бојното поле.

Според Институтот за проучување на војната (ISW), клучен дел од воениот план на Украина е да изврши последователни офанзиви. Зимата е обично најдобрата сезона за механизирана војна во Украина, а пролетта е лоша за борби во Украина.

ISW ја посочува изјавата на портпаролот на Источната група на украинските вооружени сили, Серхиj Череватиj, кој на 4 декември објасни дека замрзнатото тло овозможува напредување на тешки возила на тркала и возила со трага. Кажа дека украинските сили подготвуваат такви возила за зимата. Черватиј изјавил дека мобилизираните регрути биле слабо обучени, како и дека регрутите од групата Вагнер, кои биле регрутирани од руските затвореници, не биле подготвени да се борат во зима.

„Ако сојузниците и партнерите на Украина не ги поддржат украинските сили во спроведување решителни, големи контраофанзивни операции оваа зима - како што може да се толкуваат изјавите на DNI- тогаш способноста на Украинците да водат маневарска војна ќе биде ограничена барем додека не се расчисти пролетната кал. Таквата акција веројатно ќе им даде на разбиените руски сили вредно одложување од три до четири месеци да се реконструираат и да се подготват за борба на подобра основа“, пишува ISW.

Повеќе земји се понудија да ги обучуваат и веќе ги обучуваат украинските војници. И Бугарија ќе испрати лесно оружје во Украина. Војната во Украина почна на 24 февруари. 

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“