Добивај вести на Viber
Корпорацијата Интел денес го ја претстави новата линија производи Intel® Xeon® Processor E5-2600 v2 (позната под името “Ivy Bridge-EP”), разновидни процесори кои ветуваат дека ќе ги редефинираат серверските, мрежните и инфраструктурите за зачувување кои се наоѓаат во центрите за податоци. Со поголема ефикасност и флексибилност, овие процесори ќе овозможат брзо испорачување услуги за процесирање со висок перформанс, клауд и сегменти на претпријатијата и нудат нови можности за продавачите во областа на телекомуникациите.
Новата линија Ксеон производи се базираат на водечката 22 нанометарска процесирачка технологија, придонесувајќи во зголемена енергетска ефикасност и до 45 отсто во споредба со претходната генерација. Овие процесори содржат и до 12 јадра и овозможуваат и до 50 отсто поголем перформанс за работа со најразличен интензитет.
„Повеќе од кога и да е, организациите бараат од инфомациската технологија да им го трансформира работењето,“ изјави Дајен Брајант сениор потпретседател и генерален директор на групацијата за Центри за податоци и поврзани системи. „Обезбедување клауд услуги подразбира поседување инфраструктура која е доволно разновидна за да ги поддржи различнити количини работа и е доволно флексибилна да одговори на промените во побарувачката на ресурси во однос на услугите, зачувувањето и мрежата.“
Најголем дел од денешните инфраструктури не се конструирани да го следат развојот на ИТ услугите. Управувањето со центрите за податоци е најчесто рачно и статично. Со цел да се овозможат автоматизирани услуги, наредните генерации ќе треба да еволуираат во „софтверски дефинирана инфраструктура“ каде што повеќето функции ќе се управуваат во софтверот. Новите Интел Ксеон процесори обезбедуваат заедничка и компатибилна основа и содржат карактеристики и алатки кои можат да ги трансформираат центрите за податоци во иднина.