18 Декември, 2025
0.1574

ИНТЕНЗИВНА И ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОЛНИ: Го празнат и пулмолошкото за пациенти болни од ковид, д-р Костов за Фактор

Објавено во: Македонија 24 Август, 2021 07:33

Добивај вести на Viber

Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат повеќе од 700 пациенти поради компликации од корона вирусот, и иако најголем притисок има во Клиничката болница Тетово, каде се хоспитализирани околу 110 лица, како и во Гостивар каде се лекуваат околу 90 пациенти, се полнат и болниците во Скопје. Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов во разговор за Фактор вели дека кај нив се сместени 49 пациенти. Сите се со тешка и средна клиничка слика.

-Во моментов во „8 Септември“ хоспитализираните пациенти се лекуваат на одделението за интензивна нега каде има 23 болнички кревети, како и на инфективното одделение, каде капацитетот е 26 кревети, што практично значи дека веќе нема места на овие две одделенија. Во очекување на нови пациенти, на кои им е неопходно болничко лекување, пациентите кои лежат на Одделението за пулмологија, а има околу 20-тина, ги префрламе, дел на Клиниката за пулмологија, дел во центарот за рехабилитација, „Јасен“. Тоа се пациенти кои не се заразени со вирусот, вели д-р Костов.

Истовремено нагласува дека најголемиот број од луѓето кои се лекуваат во оваа здравствена установа се од Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Струмица..., онаму, како што вели, каде што процентот на вакцинирани е навистина мал. Но, вели дека од хоспитализираните има 16 пациенти кои се вакцинирани со двете дози.

-Сите 49 пациенти се со тешка и со средна клиничка слика. 16 од нив ги примиле двете дози од вакцината против корона вирусот, но во моментов не располагам со податоци за тоа која вакцина ја примиле и колкав период е изминат по примањето на втората доза. 6 од нив ги третираме на одделението за интензивна нега, а 10 се сместени на инфективното одделение. Сепак, сакам да потенцирам дека овие пациенти, за разлика од останатите 33, имаат средна клиничка слика. Инаку, четири пациенти се на сипап апаратите, но и останатите се кислородно зависни, потенцира д-р Костов.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ се надева дека нема да дојдат до степен, повторно целата болница да стане ковид-центар, како што беше случај лани во летниот период, а потоа и во есенските и зимските месеци.

-Дефинитивно ја празниме пулмологија, но јас искрено се надевам дека нема на сите одделенија поворно да се лекуваат само пациенти болни од корона вирусот. Во моментов ги враќаме лекарите и останатиот медицински персонал, медицински сестри и болничари, од нивните годишни одмори, кои ги користат дури сега по година и пол неисцрпна работа. Се подготвуваме за тежок период, но повтрно ќе кажам, дека се надевам дека нема да дојдеме до оној максимум и од 180 пациенти, кои тука се лекуваа од комликациите на корона вирусот, вели д-р Костов.

Инаку, бројот на активни случаи во Македонија, заклучно со вчерашниот ден изнесува 11.042. Вчера, пак, бројот на починати беше дури 27, со што вкупниот број сега е 5.695. Повторно, најголем број новозаразени со корона вирусот се од Скопје, Гостивар, Куманово...

Владата апелира на што помасовна и побрза вакцинација против корона вирусот, заради што вчера и официјално го најави стартот на кампањата за имунизација „Вакцинирај се“.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери