14 Мај, 2024
0.0344

Интересни факти за Мекдоналдс

Објавено во: Свет 22 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Синџирот за брза храна McDonald's е најголем во светот со своите 34 000 ресторани. Само изминатата година беа отворени нови 1 400 ресторани во светот. Еве уште некои интересни факти кои најверојатно досега не сте ги знеале: 1. McDonald's е во пракса најголемиот дистрибутер на детски играчки. Во рестораните на синџирот со детските менија се продаваат околу 1,5 милијарди играчки годишно. Во САД девет од десет деца на возраст меѓу 3 и 9 години ги посетуваат рестораните на синџирот најмалку еднаш месечно. 2. Компанијата служи во рестораните околу 63 милиони корисници на ден , а продава 75 хамбургери секоја секунда. Околу 20 % од продажбата во рестораните се поврзани со Happy Meals создадени за прв пат во 1979 година. 3. Компанијата служи околу 13 милијарди порции помфрит годишно, што е околу 97 порции за секој роден во тековната година жител на планетата . 4.McDonald's има уникатни производи во менијата на секоја земја. Така на пример во Португалија во менито е вклучена и супа . Во Индија компанијата нуди Chicken Maharaja Mac . Компанијата често додава малку од националната кујна и нејзини клучни состојки во менијата на секоја земја. Во Германија во рестораните на ланецот се продава пиво . 5. За McDonald's работат 1,8 милиони луѓе во светот , што е за околу двојно повеќе од населението во Скопје. Компанијата одвои за реклама 788 милиони долари во изминатата година - околу 2 % од вкупниот буџет за рекламирање на сите компании во светот. 6. Традиционалните жолти натписи на рестораните на синџирот може да биде видени низ целиот свет . Париз е единствениот град во светот каде жолтата е заменета со бела боја. 7. Според основачот на синџирот McDonald's - Реј Крок , компанијата , барем во почетокот  оперирала во секторот на недвижности . Главниот бизнис бил продажба на франшизи и според Крок локацијата на рестораните и локациите биле клучни за тоа тие да не банкротираат. До денес синџирот е најголемиот сопственик на недвижен имот во светот. 8. Во интересна маркетинг кампања во 2005 година, од компанијата ветија дека ќе плаќаат на рапери по 5 долари секој пат кога се емитува нивна песна во која се споменува Big Mac во САД .

Можеби ќе ве интересира

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков