Добивај вести на Viber
Низа пропаднати тендери и инвестиции во најава покажуваат дека рудните потенцијали на македонија се уште се недоволно искористени. Иако Владата очекува рударството и понатаму да биде една од клучните гранки за македонската економија, познавачите сугерираат дека се неопходни нови, поголеми инвестиции во овој сектор.
Неколкугодишниот концесионер рудници
Бањани АД од село Кучевиште, Скопје, не сака повеќе да го искористува минералните суровини во село Бањани. Владата се согласи на еднострано раскинување на договорот за експлоатација на минералната суровина кварцити на локалитетот “Света Богородица“ во село Бањани, поради, како што наведуваат од рудници Бањани АД, “немање на економски интерес за понатамошно извршување на концесијата“.
Но, иако металните минерални суровини често се поатрактивни од неметалните, инвеститорите во земјава во последно време не покажуваат нуту сериозност, ниту особен интерес за инвестиции во рудниците богати со метални минерални сурови. Доказ за тоа се и низата пропаднати тендери за локалитетот
Тајмиште, богат со железна руда. Се проценува дека овој рудник крие висококвалитетна железна руда доволна за Тајмиште да работи во следните 150 години. Токму овој рудник не работи повеќе од 15 години. Со странската инвестиција во Тајмиште, Владата очекува да се отворат нови работни места и овој рудник да стане нов извозен капацитет.
Поради неуплаќање на речиси 780.000 евра (47.962.600,00 денари) како едократен надоместок за искористување на железната руда од рудникот Тајмиште, Владата реши да ја прекине важноста на договорот со АД Тајмиште. Според податоците од Службениот весник на Македонија, Владата го избра АД Тајмиште за најповолен понудувач на тендерот на 09 јануари 2013 година, за веќе на 26 февруари да го раскине договорот. Иако во јуни годинава министерот за економија Ваљон Сараќини објави дека турскиот инвеститор Курум Холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железната руда од Тајмиште, во септември Владата ја повлече одлуката. Турските инвеститори навреме не уплатија два милиони евра како еднократен надоместок за добиената концесија за експлоатација на рудата од кичевско Тајмиште.
Во септември минатата година пак, имаше најави дека Оманските инвеститори “Оман Балкан мајнинг“ ги „скенираат“ рудните потенцијали кај
Прилеп и
Осогово. Се работи за фирма за вадење руди и обоени метали со основачки капитал од 30.000 евра.
Според податоците на Централниот регистар, управители на оваа фирма регистрирана во Македонија се геологот Хабибур Рахман Фароокиу и електротехничарот Мохамад Шујаудин Кхан. Но, за сега ниту Владата, ниту градоначалникот на Прилеп, јавно се пофалија со почеток на една голема инвестиција во рударството од страна на Оманските инвеститори.
За сега, локалитетите
Кадиица, Боров дол и
Иловица, богати со бакарна руда, се најатрактивни за инвеститорите.
Катерина Попоска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.