23 Ноември, 2024
0.0293

Интервју со вицепремиерот Фатмир Битиќи за Националната развојна стратегија

ИНТЕРВЈУ БИТИЌИ: Преку Националната развојна стратегија да си ја создадеме иднината тука дома, заедно

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Продолжуваме со серијата интервјуа посветени на процесот на креирање на Националната развојна стратегија - визионерски стратешки документ кој ќе го утврди развојниот пат на државата во следните 20 години. Подготовката на овој сеопфатен стратешки документ се одвива преку процес на широка консултација, вклученост на сите чинители, како и преку градење меѓу-генерациски, меѓу-етнички, меѓу-партиски и родов консензус помеѓу клучните општествени чинители.

Вицепремиере Битиќи, што за вас значи креирањето на Националната развојна стратегија?

БИТИЌИ: Пред да започнеме да ви се заблагодарам за ова интервју, кое го правиме на крајот на годината кога сметам дека е одлично време за поставување нови цели пред нас, резолуции кои сакаме да ги оствариме. Токму тоа за мене претставува и Националната развојна стратегија. Заедничка резолуција, визија за тоа каде сакаме да бидеме сите ние заедно со развојот на нашата држава во следните 20 години. Но, како и поставувањето лични цели, таа мора да биде доволно реална за да можеме да ја оствариме, но и доволно оптимистична, амбициозна и флексибилна за да може да нè инспирира, но и да се прилагоди на тековите кои ќе нѝ доаѓаат, но не можеме докрај да ги предвидиме. Сметам дека само на овој начин можеме да ја постигнеме отпорноста, но и развојот кој нѝ е неопходен за да ги постигнеме целите.

Овој процес, кој во име на Владата го водите токму вие, е навистина долг. Што според вас го обележа процесот на креирање на стратегијата?

БИТИЌИ:  Да, вистина е дека можевме да го завршиме и порано и побрзо, но тогаш немаше да биде толку широко консултиран, немаше да му дадеме доволно простор за да органски го добие обликот кој денеска го има. Верувам дека постигнавме најголема инклузивност досега и на тоа сум навистина горд. Уште кога го започнавме, кога ги поставувавме роковите, заедно со целиот управувачки комитет, кој исто така е еден од најшироките, со претставници на владата, политички партии, вклучително и опозиција, претставници на локалните заедници, бизнис и граѓанскиот сектор, рековме дека ќе трае сè додека сите, а под сите не мислам на нас, туку на граѓаните и вклучените стејкхолдери, не го чувствуваат за свој. Важно е да ја имаа оваа консензуалност, оваа заедничка заложба дека ова е заедничка визија, затоа што нејзиното реализирање ќе зависи од сите нас. Нејзината реализација треба да ги надминува личните и партиски приоритети, затоа што Националната развојна стратегија јасно ги исцртува нашите национални интереси. Тие се јасно поделени во шест стратешки области, кои е лесно да следат и унапредуваат.

Ова е стратегија за следните 20 години, како се младите вклучени во неа?

БИТИЌИ:  Го прашавте веројатно најважното прашање според мене. Веќе претходно кажав дека ова е еден од најинклузивните процеси кои сме ги воделе. Во овој процес навистина се погриживме да бидат вклучени многу млади, имавме голем број визионерски работилници со млади, со кои заедно ја замислувавме заедничката иднина. Од средношколци до адолесценти, од целата држава нѝ даваа важен инпут за тоа што тие сакаат. Не што ние мислиме дека сакаат, туку што тие вистински сакаат од нашиот развој. Сметам дека е лицемерно да правиме нешто за нив, без да ги прашаме како сакаат тоа да биде оставено за нив. Тие млади се нашите идни лидери, кои ќе работат и ќе ствараат во нашето општество, без нив, не би можеле да ја креираме визијата која ја имаме сега.

Ова го имам неколку пати кажано, но посакувам јас кога бев млад некој да ми кажеше во каква земја ќе се развивам, стварам, работам и ќе создавам семејство. Верувам дека ова е наша обврска кон нашите деца и сметам дека одговорноста да го сработиме ова и да им го оставиме ним е вистинска привилегија.

Што е следно, како е предвидено да се заокружи овој долг процес?

БИТИЌИ:  Веќе е готов и се презентира на јавни дискусии првиот драфт на Националната развојна стратегија. Како што веќе споменав, после долг процес на консултации и мапирање на ресурси и приоритети, јасно се исцртаа шест стратешки области: Одржлива, иновативна и конкурента економија, Одржлив локален и регионален развој кој обебедува кохезија, Демографска ревитализација и социјален и културен развој, Владеење на правото и добро управување, Сигурно, безбедно и отпорно општество и шестата стратешка област е Зелена трансформација.

Секоја од овие области е детално разработена со главните точки за напредок и со тоа кои процеси се веќе започнати, што тие опфаќаат и што значат. Многу нѝ беше важно Националната развојна стратегија да не е изолиран документ, туку тој да е жив и во него да ги инкорпорира сите активни процеси во државата, и тоа е постигнато. Националната развојна стратегија е еден вид чадор над сите процеси во државата, но и глобални, како постигнувањето на глобалните цели за развој, евроинтегративните процеси, климатските промени и адаптација кон нив. Сметам дека имаме навистина зрел производ.

По последните консултации кои во моментов течат, Националната развојна стратегија ќе биде презентирана на владина седница, а потоа ќе треба да се изгласа и во Собранието што ќе значи нејзино усвојување. Во целиот овој процес Собранието имаше активна улога преку пратеничките групи и нивните претседатели и претседатели на комисии, вклучително и самиот претседател на Собранието кој вистински се залагаше за овој процес, па оттаму очекувам пратениците да ја изгласаат Националната развојна стратегија 2024 – 2044.

А потоа?

БИТИЌИ:  Потоа да ги достигнеме своите потенцијали. Националната развојна стратегија е од сите нас, за сите нас. Затоа, да си ја создадеме иднината, тука дома, заедно. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР