07 Октомври, 2024
0.0267

СЕ ЗБОРУВАЛО И ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ: Еве за што разговараа Мицкоски и Вучевиќ

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи. Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката-прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ.

Мицкоски рече дека разговарале за предизвиците со кои се соочува регионот, и посочиле дека е неопходно „во овие турбулентни времиња, да бидеме заедно, да бидеме глас на разумот и да работиме кон стабилност и безбедност на целиот регион“.

-Ја истакнавме важноста на дијалогот како единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања. Во однос на нашите европски аспирации, ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека зборувале и во делот за енергетското поврзување на двете земји.

-Ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји. Бидејќи ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со нашиот јужен сосед, за да обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа, нагласи Мицкоски.

Српскиот премиер од своја страна, исткна дека Македонија и Србија имаат традиционално добри односи, и се согласи со Мицкоски дека клучно за Србија е изградбата на интерконекторот и нов пат за снабдување со природен гас за Србија, преку Македонија.

-Силно го поддржуваме заедничкиот пат. Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион. Даваме целосна поддршка на Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Сметаме дека ЕУ мора од поодамна да даде можност на Северна Македонија за нејзиниот напредок кон Унијата, тоа јавно сакаме да го кажеме и веруваме во заедничката европска судбина или приказна за целиот регион. Овој регион заслужува шанса и поддршка од целата Европска Унија, рече Вучевиќ, кој е во официјална посета на земјава.

Можеби ќе ве интересира

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ПОЛЕТО НА ГАСНИОТ СЕКТОР ПОМЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ПОЛЕТО НА ГАСНИОТ СЕКТОР ПОМЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА НАД 3 ОТСТО: најмногу поскапе храната и пијалоците, па мебелот и покуќнината

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА НАД 3 ОТСТО: најмногу поскапе храната и пијалоците, па мебелот и покуќнината

НАЈАВИЈА ИЗГРАДБА НА НОВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС - во Белград на вода ќе никнат уште пет осумкатници, еве која е големината на становите

НАЈАВИЈА ИЗГРАДБА НА НОВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС - во Белград на вода ќе никнат уште пет осумкатници, еве која е големината на становите

Значителен пад на извозот од Македонија

Значителен пад на извозот од Македонија