07 Октомври, 2024
0.0253

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА НАД 3 ОТСТО: најмногу поскапе храната и пијалоците, па мебелот и покуќнината

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Годишната стапка на инфалција во Македонија во септември 2024 година достигна 2,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Од друга страна цените ан мало се зголемиле за 3,3 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

- Индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи зголемување од 2,6 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,3 проценти - стои во соопштението на ДЗС.

Во објавата, статистичарите наведуваат дека инфлацијата на месечна основа или „мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година“ пораснала само 0,3 проценти.

- Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1,7 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,1 отсто, комуникации за 0,9 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,5 отсто, образование за 0,3 проценти и здравје за 0,1 отсто - стои во соопштението на ДЗС. 

Од друга страна, статистичарите во септември 2024 година, во однос на август 2024 година забележале намалување на трошоците на животот кај транспортот за 5,3 проценти, рекреација и култура за 1,8 отсто, ресторани и хотели за 0,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 отсто.

Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99.3.

Можеби ќе ве интересира

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ПОЛЕТО НА ГАСНИОТ СЕКТОР ПОМЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ПОЛЕТО НА ГАСНИОТ СЕКТОР ПОМЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

СЕ ЗБОРУВАЛО И ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ: Еве за што разговараа Мицкоски и Вучевиќ

СЕ ЗБОРУВАЛО И ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ: Еве за што разговараа Мицкоски и Вучевиќ

НАЈАВИЈА ИЗГРАДБА НА НОВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС - во Белград на вода ќе никнат уште пет осумкатници, еве која е големината на становите

НАЈАВИЈА ИЗГРАДБА НА НОВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС - во Белград на вода ќе никнат уште пет осумкатници, еве која е големината на становите

Значителен пад на извозот од Македонија

Значителен пад на извозот од Македонија