19 Декември, 2025
0.0475

ИНТЕРВЈУ ЧУПЕСКА - СТАНИШКОВСКА: Меѓународната заедница ќе го притисне Иванов!

Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 07:19

Добивај вести на Viber

Фактор:  Како  ја оценувате одлуката на претседателот Иванов да не го довери мандатот на партијата која има обезбедено  мнозинство  при тоа постаувајќи и услови ?

Чупеска-Станишковска :  Се чини дека, одлуката на Преседателот на  задира во тројната поделба на власта, гарантирана со Уставот,  бидејќи Парламентот е тој кој ја избира Владата, а не е Претседателот. Всушност, доверувањето на мандатот фактички престетвува должност на Престедателот, и тоа, во  согласно чл.90.  Дотолку повеќе што и самата одлука за доверување на мандат , како засебен акт , има повеќе симболичка сила , отколку  што има субстантивна снага. Ако ова не е точно, тогаш не би требало ниту да постојат парламентарнитеизбори , од кои впрочем и  призлегува и мнозинството - кое потем ја избира Владата. Уште повеќе што Република Македонија  е парламентарна демократија , и кај нас не се применува претседателскиот модел,  т.е. значи суверенитетот не извира од Егзекутивата. 

Фактор: Дали со ваквниот потег  шефот на државата ја вовлекува земјата во уште подлабока политичка, институционална и уставна криза?

Чупеска-Станишковска : Обидот да се наметне таканречена уставна криза, датира од поодамна, и има цел да ја пролонгира институционалната и политичката криза. Ваквите тенденции, убедена сум, дека треба да се ингронираат и да не се запаѓа во тие замики на “лажната дебата”, па да се навегува во "материјална расправа", оти и според пишаниот Устав, и според конституционалната практика на РМ , ситуацијата е целосно решлива.

 Една од конституционалните можности е на пример, Собранието да се состане и да си избере Влада , бидејќи мандатите на пратениците се веќе верификувани. Другата можност е целосно да се повлече Одлуката на Преседателот од денес, дотолку повеќе,  што проследивме и инстантна  реакција на Комесарот Хан-  според кој, Претесдателот мора да го почитува исходот од изборите и да го признае парламентарното мнозинство. Слично, како што дознавме од медиумите , и Могерини очекува уште утре да биде избран Преседателот на Собранието.

Фактор: Како ги коментирате критиките на Иванов адресирани до меѓународната заедница дека се мешат во внатрешните работи на Македонија ?

Чупеска-Станишковска : Оттука, и обраќањето кон меѓународната заедница на  претседателот Иванов, иако се чини загрижувачко - од причина што тој е Врховен командант  на вооружените сили, не сметам дека ќе изпровоцира посериозни последици, од причина што во текот на утрешниот ден ќе посведочиме синхронизрана  рекација од Меѓународната заедница  на иста линија со изјавата на Хан.

Горазд Чомовски


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата