06 Октомври, 2024
0.2037

ИНТЕРВЈУ Давор ХУИЧ: Европската Унија ќе биде многу строга кон Македонија!

Објавено во: Економија 13 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Давор Хуич, колумнист на Вечерњи лист, експерт од областа на комуникациите и извршен директор на Здружението на даночни обврзници “Липа“ во Хрватска, во интервју за Фактор зборува по повод две годишнината од хрватското членство во ЕУ. Мислењата се генерално позитивни, но Хуич мисли дека Хрватска не успеа да ги искористи сите предности и ресурси кои ги овозможува ЕУ, особено во поглед на европските фондови,а причината за тоа е отсуството на сопствен институционален капацитет. Што се однесува до Македонија Хуич е дециден, проблемите треба сами да си ги решаваме. „Македонија, како и повеќето од балканските земји, страда од недостаток на развиени институции, кои се олицетворение за развиените демократски држави. Последните случувања поврзани со  прислушување од страна на владата, како и прекумерното трошење на популистички проекти и проширувањето на етничките тензии ... Сите овие приказни се познати овде во Хрватска. Сепак, ние  направивме неколку чекори кон напред, но најмалку поради притисокот од  Европската унија и поради одлуките на сите релевантни партии дека не постои алтернатива освен влез во европското семејство. Македонија треба да очекува дека  ЕУ во нејзиниот случај, ќе биде многу строга, особено во областа на изборната постапка, транспарентноста во јавните набавки,  финансирањето на партиите“ вели Хуич во интервју за Фактор. ДВЕ ГОДИНИ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ – КАДЕ Е ХРВАТСКА ? ФАКТОР: Две години откако го Хрватска стана членка на Европската унија, како се оценува демократскиот, економскиот и социјалнот статус на вашата земја? ХУИЧ: Најважниот придонес  на хрватското  членството во Европската Унија беше во  самиот  процес на пристапување, преку кој  некои работи на институционално ниво беа доведени во ред. Второ, ЕУ има позитивно влијание врз извозот на Хрватска,  кој се доведе на ниво како што беше пред кризата, додека целата економија се уште е во“длабок минус“,  за околу 13 проценти  во однос на 2008 година. Во последно време јавноста во Хрватска голема надеж гледа и полага во  “EDP“ или  “Excessive Deficit Procedure“(Процедурата за прекумерен дефицит), преку која  Европската комисија се обидува да ги консолидира  јавните финансии во некии одржливи рамки.  Сметаме дека тоа немаше да се случи без притисокот токму  од Брисел. ФАКТОР:  Ако се суди според податоците на Еуростат, Хрватите се  меѓу трите најсиромашните народи  во ЕУ, со стандард што е  59% од европскиот просек. Колку и како  членство во ЕУ го промени животот на просечниот Хрват? ХУИЧ: Хрватите ги поминаа последните шест години во рецесија, и работите дефинитивно не тргнаа значајно кон подобро во економска смисла на зборот.  Хрватска не успеа да ги искористи сите предности и ресурси кои ги овозможува ЕУ, особено во поглед на европските фондови,а причината за тоа е тсуството на сопствен институционален капацитет. Сепак, членоството во ЕУ  има одреден  позитивни ефекти врз самата економија. Како што реков, извозните компании профитираа, тука е и  либерализација на пазарите и елиминирање на некои форми на интервенција на владата, со што на крајот резултираше со намалување на  цената во енкои економски сектори.  Еден илустративен пример би можел да биде на секторот на електрична енергија, каде работите во само две години се случија многу брзо, особено во форма на намалување  на цените, од една страна,  и подобрување на услугите, од друга страна,  и сетото тоа во услови на летаргични корисници  и недоволна спроведена либерализација, која се уште не постои во целосна форма на  "фер игра" на пазарот.  ФАКТОР: Ако  треба да ги сумирате изминатите две “европски“ години,  што се промени и за граѓаните и за  компаниите во Хрватска? ХУИЧ: Хрватските компании кои  најмногу профитираа  и имаа просперитет се тие кои беа  најефикасни и способни да се ориентираат и подготват  за извоз на европскиот пазар. Граѓаните пак добија прстап до поевтини, поквалитетни и разновидни услуги и стоки. Многу граѓани  , со оглед на слабите резултати на хрватската економија. одлучија да ја напуштат земјата во потрага по вработување. Од друга страна, пак, ЕУ фондовите,  кои се невоволно  неискористени ,  може да одиграат значајна  улога  во наредните години. Тоа се главно фонодови за финансирање на еколошки и економски одржливи проекти, кои се еропски пари може да ја зголема конкурентноста на нашата економија. davor 3 ДАЛИ ГРЧКОТО СЦЕНАРИО ЌЕ ИМА БАЛКАНСКА РЕПРИЗА... ФАКТОР: Хрватска се бори со рецесија, хрватскиот јавен долг постојано расте до ниво од 90% од БДП. Како се оценува должничката позиција на земјата, клку просечно е задолжен еден Хрват?   ХУИЧ: За жал не е доволно широко распространета свеста за опасноста од последиците од  високата задолженост, која не е многу помал од оној на Грција, кога практично почнаа и проблемите.  Постои надеж дека, сепак,  примерот  за страдањата на Грците да ја зголеми разумноста во тршењето на јавните финансии, особено кај земјите со  "висок ризик", вклучувајќи ја и Република Хрватска.  Веќе може да се забележи дека  сочувство со Грција расте, но, исто така, се зголеми и  стравот од едно  такво сценарио во  Хрватска, како и подготвеност, барем на ниво на слогани, да се донесат јавните финансии во разумни рамки. ФАКТОР:  Како и колку таквата должничка  позиција  може да биде аларм за понатамошно влошување на  состојбата? Како хрватската влада ја менаџира  економијата, кога зборуваме за долгови? ХУИЧ:  Токму затоа е исклучително важно за овие земји да видат како ЕУ ќе одигра во преговорите со Грција. Надежта е дека овој пример ќе биде аларм. Мислам дека се работи  токму за тип на притисок  кој треба да води кон подобрување на функционирањето на овие земји. Владата на Хрватска, меѓутоа сè уште не решила, а  веројтно и нема и уште многу време , за идната  стратегијата: дали популистички ќе ги  одложува  реформите, или едноставно одлучно ќе реши да  ја прекине состојбата на “статус кво“, кој упатува и не води кон “грчкото сценарио". Некои активности и потези може да се оценат како добри бидејќи резултираат со зајакнување на одговорен, рационални и транспарентни институции, а некои пак се  лоши, затоа што тие го игнорираат причините за проблемот, со карјна цел за  купување на гласови. Ќе биде интересно да се види дали динамиката на остар конфликт пред парламентарните избори можно е да  се претвори во нешто позитивно за Хрватска.  Ние не можеме како земја  да издржиме уште  една пасивна Владата која ќе го одложува  и избегннува  спроведувањето на  структурни реформи. ФАКТОР: Дали можеби ќе биде потребно зголемување на даноците, или можеби  реформи  во јавниот сектор, реформите во пензискиот систем? ХУИЧ: Хрватска нема простор за   зголемување  на даноците, бидејќи товарот и сега е веќе  премногу висок. Меѓутоа, освен опсегот и висината, дел од вината за ваквите економски  резултати е и во лошата структура на даноци и нивна ирационалност. А повеќе  простор за заштеди има само преку рационализација на  јавната администрација. Хрватскиот долг расте брзо, јавниот и пензискиот сектор се во големи проблеми, кризата сеуште не ескалирала, но состојбата не е одржлива на подолг рок. Една неодамнешна студија на Европскиот индекс  за квалитетно владеење (EQI), покажа дека Хрватска е на самото дно, зошто  троши речиси 20% од БДП само на “ладен погол“, односно за издржување на јавниот сектор, многу повеќе во однос на социјалните трансфери, вклучувајќи ја и  здравствена заштита, социјалната заштита и пензиите. Оваа ситуација не е одржлива, впрочем  политичко колонизација на јавниот сектор е една од причините грчкиот колапс. ФАКТОР: Како Хрватите, како дел од ЕУ, го доживуваат обидот на  европските лидери да ја  спасат Грција од банкрот, а самата операција за спасување и инјектирање на големи пари  во Грција трае повеќе години. Од друга страна со финансиски проблеми  се соочуваат не само за Хрватите туку и Словенците, Италијанците ? ХУИЧ: Големо внимание досега се посвети на грчкиот случај. Повеќето Хрвати  сочувствуваат со Грците, но не може да се избегне заклучокот дека во голема мера, за последиците се виновни самите тие  и дека, ако ЕУ нуди сламка за спас, тогаш  секако, има право да бара од Грција рационализација на јавната потрошувачка, што е очигледно надвор од опсегот на нивните можности. Но, се извлекува заклучок дека ние, како држава, сме премногу блиску до ситуација во Грција за да можеме да се чувствуваме комотно и пријатно. Се надевам дека оваа реалност ќе биде позитивна, мобилизирачка сила и ќе има влијание врз гласачите, и дека оваа сериозна тема може да се вброи меѓу најважните на претстојните избори. ФАКТОР: Дали е доведена во прашање  политичката  и економската унитарност на  Европската Унија? ХУИЧ: Излезот на Грција од ЕУ, или нејзиното напуштање на еврото, најверојатно ќе ја потресат ЕУ, но нема да значи крај за унијата. Всушност, се прават напори, но и притисок,  да се даде поттик за спроведување на потребните реформи, за да земјите кои се “идна закана“ најдат  поголема сила за непохдните реформи. Ако на Грција и се судеше според критериумите по кои и се “судеше“ на Хрватска или Македонија околу пристапот кон ЕУ, таа (Грција) никогаш немаше да биде прифатена како рамноправен член Davor-Huic-300x292 ДЕМОКРАТИЈА И ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ФИНАНСИИТЕ – КЛУЧНИ ЗА МАКЕДОНИЈА ФАКТОР: Македонија се уште е во чекалната пред ЕУ. Сега постои опасност дека земјата може да ја загуби и препораки за почеток на преговорите (уште нема датум). Како ја оценувате актулената политичка ситуација во Македонија? ХУИЧ: Македонија, како и повеќето од балканските земји, страда од недостаток на развиени институции, кои се олицетворение за развиените демократски држави. Последните случувања поврзани со  прислушување од страна на владата, како и прекумерното трошење на популистички проекти и проширувањето на етничките тензии ... Сите овие приказни се познати овде во Хрватска. Сепак, ние  направивме неколку чекори кон напред, но најмалку поради притисокот од  Европската унија и поради одлуките на сите релевантни партии дека не постои алтернатива освен влез во европското семејство. Македонија треба да очекува дека  ЕУ во нејзиниот случај, ќе биде многу строга, особено во областа на изборната постапка, транспарентноста во јавните набавки,  финансирањето на партиите, и така натаму. Политичарите во Хрватска беа исклучително мотивиран од визијата за себе како луѓе кои конечно ќе ја внесат земјата во ЕУ, што пак даде мотивација потребно за спроведување на  работи кои инаку веројатно не би се случиле. ФАКТОР: Дали и како Македонија би можела да излезе од длабоката политичка криза, која многу аналитичари веруваат дека е логична последица на  авторитарен режим? ХУИЧ: Тешко е и неблагодарена е  задача да се даде проценки за иднината на некоја земја. Но доколку нема некои  големи геополитички случувања, Македонија може да очекува тежок и макотрпен процес, кој е често премногу бавен за граѓаните. Важно е да се биде трпелив но и да не се прават  притисоци врз јавната потрошувачка надвор од границите на реалните можности, зошто во  спротивно ве чека грчкото сценарио. Сето ова е тешко е да се објасни на граѓаните, но не постои бариера  за просперитет и благосостојба - ова се постигнува само преку напорна работа. ФАКТОР: Европска иднина која има висока цена - дали вреди влогот за влез во ЕУ? ХУИЧ: Мислам дека е очигледно, од одговорите што досега ги дадов за тоа  каква улога има пристапувањето  во ЕУ, и секако дека оценката генерално е позитивна. Помошта, која  во форма на ресурси и експертиза, се нуди  од ЕУ може да биде многу корисна. Но, на крајот, секогаш  политичка елита е таа  што води земјата, и содветно на тоа испорачува позитивни или негативни резултати. Пристапувањето во ЕУ е од несомнено е од корист, и во однос на ова прашање  е добро да се има јасна  национална цел, но во исто време треба да бидеме реални и да не се  очекуваат чуда. Никој  друг не може да ги направи работите наместо вас, па не и европската бирократија. Сите важни работи треба да ги направите самите вие. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта