Интервју Елена Панова: Со Vip ова лето можете слободно да сурфате и во роаминг
Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2018
Со оваа понуда практично им овозможуваме на корисниците воопшто да не се грижат дека ќе добијат висока сметка за интернет во роаминг – сè што треба да направат е при изготвување на чек листата за пакување да не заборават задолжително да си додадат Активирање на роаминг пакет – за само 8 евра можат да си активираат пакет и слободно да користат интернет додека се на одмор, да споделуваат искуства и доживувања во реално време. Веќе нема потреба да бараат локално СИМ картички за интернет, па да носат дополнителни телефони –вели во интервју за Фактор Елена
Панова, маркетинг директорка во Вип .
1. Неодамна ја лансиравте најновата понуда за безгрижно користење дата роаминг. Може ли подетално да ни ја објасните оваа понуда?
Летниот одмор е време за опуштање – корисниците треба да заборават на секојдневието, да се посветат на уживање, “полнење на батериите” и целосно да се препуштат на задоволствата кои ги нуди дестинацијата која ја избрале.
Во пресрет на летната сезона кога голем број корисници заминуваат надвор од државата, со цел да одговориме на нивните потреби постојано да бидат онлајн, подготвивме понуда со која ќе може слободно да сурфаат и додека се во странство, а притоа она што е најважно – да не се грижат за трошоците за интернет во роаминг. Креиравме неколку пакети за роаминг интернет кои се валидни во 23 оператори во Европа – меѓу нив се оператори од сите најчесто посетувани земји во летниот период: Грција, Албанија, Шпанија, Италија, Хрватска, Бугарија, Турција, Малта, Кипар, како и во сите останати земји од Европа каде има оператори од А1 Телеком Австрија Групацијата (Србија, Словенија, Австрија, Белорусија, Лихтенштајн) и партнерската групација Vodafone. Пакетите се валидни за користење кога корисниците ќе се закачат на мрежа на некој од овие оператори.
Сите постпејд корисници на Vip може да активираат пакет од 2GB во роамингз а 499 денари. Она што е особено важно да се истакне е дека може да се активира преку СМС порака, нема потреба да се оди во салон, само со испраќање на СМС порака со текст START XLна 140999. Пакетот е валиден 30 дена од датумот на активација.
Важно е да напоменам дека сите нови постпејд корисници и сите корисници кои ќе го обноват својот договор во летниот период на тарифните модели Vip Neo L или Vip Neo XL ќе добијат промотивно во рамки на тарифата роаминг пакет за интернет од 2GB еднократно, кој може да го искористат најдоцна до крај на септември годинава.
Пакет од 2GB е сосема доволен за оние корисници кои сакаат постојано да бидат во контакт со своите најблиски, да ги споделуваат прекрасните летни доживувања во истиот момент, без барање wi-fi или без да се чекаат додека се вратат во местото каде престојуваат. Сепак, корисниците кои имаат поголеми потреби за интернет, секако имаат можност повторно да си го активираат истиот или друг пакет кој одговара на нивните потреби.
2. Ако досега во јавноста имаше мислење дека треба пред излегување од земјата да се исклучи интернет, дали тоа сега се менува?
Апсолутно, со оваа понуда практично им овозможуваме на корисниците воопшто да не се грижат дека ќе добијат висока сметка за интернет во роаминг – сè што треба да направат е при изготвување на чек листата за пакување да не заборават задолжително да си додадат Активирање на роаминг пакет – за само 8 евра можат да си активираат пакет и слободно да користат интернет додека се на одмор, да споделуваат искуства и доживувања во реално време. Веќе нема потреба да бараат локално СИМ картички за интернет, па да носат дополнителни телефони – овој пакет е со конкурентна цена во однос на локалните СИМ картички за интернет во најголем дел од земјите вклучени во овие пакети.
3. Како вашите корисници да бидат сигурни дека нема да го преминат предвидениот лимит?
При креирање на овие пакети особено внимание посветивме на корисничкото искуство во роаминг со цел корисниците постојано да бидат во тек колку имаат потрошено и да не дојдат во состојба на неочекувани трошоци за роаминг. Пред искористување на интернетот во рамки на пакетотот, ќе добијат информација преку СМС порака за тоа – по искористување на целиот интернет вклучен во пакетот, повторно добиваат информација дека е искористен, по што интернетот автоматски се блокира за да се избегне надминување на трошоците. Притоа, корисниците повторно може да си активираат пакет и да си продолжат со слободно сурфање. Дополнително, во секое време можат да си проверат колку имаат преостанато интернет во пакетот, со испраќање на СМС порака со текст STATUS INTERNET на 1490.
4. Што доколку корисникот не забележи дека е автоматски префрлен на друга мрежа додека е во странство?
Тоа е многу важно прашање – пакетите се валидни во оператори кои се дел од големата А1 Телеком Австрија Групација и во оператори од Vodafone групацијата во Европа. Во случај ако корисник случајно се прикачи на оператор каде пакетот не е валиден, автоматски ќе се блокира користењето на интернет, и ќе добие нотификација дека интернетот е блокиран заради тоа што е прикачен на друг оператор, и ќе се посоветува да се врати на операторот каде е валиден пакетот. Практично, преземени се сите мерки и заштитни механизми да не дојде до непредвидени трошоци за интернет во роаминг.
5. Како и дали корисниците можат да се заштитат од високи сметки кога роамираат?
Апсолутно – уште кога ќе се закачат на мрежа на странски оператор корисниците добиваат СМС порака за цените за роаминг во конкретната земја. Дополнително, доколку не активираат пакет за интернет, а потрошат 1000 денари за интернет во роаминг, ќе бидат известени и пристапот до интернет ќе биде блокиран, доколку корисникот сака може да активира повторно интернет и да си активира пакет за најдобри цени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.