19 Април, 2024
0.0369

Александар Илиев, претседател на Асоцијацијата на локални синџири на маркети - ЛКА

ИНТЕРВЈУ ИЛИЕВ: Промените кои секојдневно се случуваат на пазарот бараат нови форми на соработки кои успешно ќе се прилагодат на потребите на потрошувачите

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 15 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

ЛКА или Асоцијацијата на локални синџири на Македонија, е формирана во јануари 2021 година од страна на неколку постоечки сопственици на маркети од повеќе градови низ цела Македонија, познати во дејноста трговија на мало и докажани долгогодишни успешни компании.

Александар Илиев, претседател на Асоцијацијата на локални синџири на маркети - ЛКА, во интервју за Фактор говори за тоа кои биле мотивите за формирањето на оваа асоцијација, како и за бенефитите што таа ги донела за нејзините членки. 

Г. Илиев, можете ли да ни дадете основни информации и да нѐ запознаете со ЛКА?

Илиев: ЛКА е формирана пред повеќе од една година и од тогаш до денес секојдневно забележуваме раст и во однос на членовите, но и во однос на конкурентна понуда на производите и брендовите што ги нудиме на пазарот. Но, да тргнеме од почеток. Имено, поттикнати од потребата да им се излезе во пресрет на потрошувачите и нивните секојдневни потреби, шестмина сопственици на постоечки маркети од повеќе градови низ Македонија заеднички ја создадовме оваа Асоцијација. И, уште на самиот почеток ја воочивме предноста на ваквото здружување: прво што добивме значително олеснување при набавката на производите поради заедничкиот обем, а истовремено и можност да создадеме поинаква политика на понуда на нови и ексклузивни брендови кои ќе се продаваат само ва нашиот синџир. И мислам дека тоа беше вистински погодок. Од  тогаш до денес веќе можеме да се пофалиме со бројка од 10 трговски бренда низ целава земја - како членки, со 137 продажни места и преку 1.500 вработени, што нѐ прави еден од најголемите трговски ланци во земјава. До денес, членки на здружението се Рептил од Скопје, Миса од Струга, Елида од Куманово, Ангромаркетинг од Битола, Монтенегро од Гостивар, Тамаро од Охрид, Атва од Кичево, Астра од Свети Николе, Минекс од Кавадарци и Оаза од Тетово.

Кои беа причините за создавањето на оваа Асоцијација и кои се нејзините цели?

Илиев: Причините за создавањето на оваа Асоцијација беше да се искористи знаењето и искуството што го имаа менаџерските тимови на локалните трговски синџири низ Македонија, односно спецификите кои секој од локалните пазари ги има. Затоа што, знаете, потрошувачките потреби и навики во секој град се различни, но исто така, она што е заедничко за секој пазар е дека купувачот сака да добие добар квалитет по прифатлива цена. Затоа, кога се собравме и почнавме да ги комуницираме токму овие работи, сфативме дека таму лежи нашата сила и дека на овој начин најдобро ќе и одговориме и на конкуренцијата, а и ќе им го олесниме секојдневието на нашите верни купувачи.   

По што се разликува понудата во маркетите на Асоцијацијата во однос на конкуренцијата? 

Илиев: Она што е клучно во нашата понуда се конкурентните цени и понудата на познати производи, оние на кои нашите купувачи се веќе навикнати да ги купуваат, се разбира, одејќи со премисата најдобар квалитет за најдобри цени. Но, она по што се издвојуваме од останатите синџири е понудата на ексклузивни брендови кои можат да се најдат исклучиво во нашата мрежа. Досега можам да ги издвојам кондиторските производи Sunrice и Delicious, млечните производи на млекарницата Шара, зрнести производиа Nutriland, конзервирани производи Hans, препаратите за домаќинство и хигиена Blissи Viki, сладоледите Ice Dream како и тоалетната хартија и бришачите за раце Perfetto.

Што можат да очекуваат потрошувачите од вас во иднина? 

Илиев: Мислам дека нашата иднина ќе оди по патеката што ја зацртавме на почетокот: зголемување на бројот на локалните брендови во ЛКА, зголемување на бројот на производи со конкурентни цени, како и зголемување на бројот на производи и брендови кои ќе можат да се најдат исклучиво нанашите рафтови. Кога на сето ова ќе го додадеме и односот на нашите вработени кон потрошувачите, нивниот пријателски однос и совети, тогаш знаеме дека сме го избрале вистинскиот пат, а тоа е она што ни дава мотив и волја да продолжиме понатаму. И се разбира, многу акции со поволни цени кои нашите постојани купувачи веќе ги чувствуваат.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ