26 Ноември, 2024
0.0300

Ленин Јовановски, сопственик на „Слобода превоз“

Интервју Ленин Јовановски: Превозниците се на работ, нема слух за надминување на проблемот, некој си поигрува со целата ситуација

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Тензиите и недоразбирањата меѓу Јавното сообраќајно претпријатие и приватните превозници и понатаму продолжуваат. Долгот останува, превозниците не возат, а дел од нив и повторно штрајкуваат. Какви се понатамошните планови, каде ја гледаат разврската од ситуацијата, но и кои се следните чекори кои би ги презеле превозниците разговараме со Ленин Јовановски, сопственик на „Слобода превоз“.

Има ли напредок во проблемот кој настана меѓу ЈСП и приватните превозници?

Јовановски:  За жал нема, и покрај нашите инсистирања да се седне на маса и да се разговара и да се најде решение, како за превозниците, така и за проблемот што настана во јавниот превоз, што се одразува и на граѓаните, немаме никаква најава дека би разговарале за решавање на актуелниот проблем. Долгот е констатиран, само во „Слобода превоз“ вкупниот долг е скоро 80 милиони денари, заклучно со последната доставена фактура.  Во Макекспрес, има околу 30 милиони денари долг... можеби грешам, можеби е поголем. Сите приватни превозници кои вршеа јавен превоз во главниот град примаа средства преку овие две компании кои се носители на лицениците за вршење јавен превоз и кои добиваа пакети на линии од град Скопје. Постапката на исплата се прави по проверка на извозени километри, која ја прави ЈСП Скопје, откако ќе ја верификува градот Скопје, добиваме како извештај, и врз основа на него фактурираме. Врз основа на тоа која компанија колку километри извозила, ние им исплаќаме средства.

Имаше најави дека и Владата ќе се вклучи во решавање на проблемот, но премиерот вчера посочи дека тоа е проблем меѓу ЈСП и приватните превозници....

Јовановски:  Нашето барање за средба со премиерот беше да му ги презентираме состојбите во јавниот превоз, посебно кај приватните превозници, по што добивме ветување преку медимите дека ќе бидеме примени, и дека ќе разговараме за проблемот... Последно беше дека се уште се реазгледуваат извештаите од УЈП, за да имаат некакви запознавања од институциите. Идејата беше сите да седнеме на маса, градот Скопје, ЈСП, приватни превозници и владини претставници. Но, како што гледаме се уште не се оствари средбата, а од град Скопје остануваат глуви на поканите да се преговара за проблемот. Секако дека ова не е проблем на Владата, тоа е проблем меѓу нас, нема што да се очекува од нив, кога ингеренциите се на друго место.

Имаше два огласи за пополнување на некои линии кои порано ги исполнуваа приватните превозници, но без интерес од превозниците...

Јовановски: На двата огласи за пополнување на дел од линиите кои ги покриваа приватните превозници никој не се јави на тие тендери, што беше за очекување, бидејќи приватните превозници може пак да работат и да не бидат исплатени. 

„Слобода превоз“ правдата ја бара инситуционално, преку судскиот систем, каде ќе го докажува неправедното раскинување на договорот и исплатата на долгот ќе ја докажува по судски пат. Првото рочиште веќе е закажано за 9 февруари.

Веќе се одржаа нови протести пред седиштетот на ЈСП, дополнитело има најави за нови. Што може да се очекува следниот период?

Јовановски:  Слобода превоз и Макекспес инситуционално го бараме решението, онака како што беше посочено и од институциите, за да има целиот случај судска разврска. Ние не сме вклучени во протесот, тоа е оставено на самите приватни превозници, да одлучуваат како ќе ги бараат своите права, тие се позасегнати од целава ситуација, меѓутоа ние како фирми, стоиме во поддршка на приватните превозници, за сите активности кои ќе ги преземаат за решавање на проблемот, доколку истите се во рамките на законите. Протестите се законски, и ние во сите протести или било која форма на притисок која ќе ја прават приватните превозници ќе ги подджиме. Не мора да сме присутни, но ја даваме поддршката, за да може да го убрзаат процесот, или да ги убедат надлежните да го решат проблемот, бидејќи тој е акутен, бара брзо решение, а судските процеси траат.  

Можно ли е нова радикализација на протестите?

Јовановски:  Револтот е голем, притисокот кај превозниците е голем, се работи за егзистенционално прашање, секој ден имаат загуби, како правни лица, така и како приватни лица, на кои превозот им бил единствен приход во семејството, и кои сега се во многу неблагодарна и нелагодна ситуација. Обврските им стасуваат, а немаат како да ги сервисираат. Оние на кои превозот им бил единствен приход, се во многу тешка состојба, секако дека ќе бараат разни форми да го решат проблемот, неспорно е дека правдата е на нивна страна, и дека долгот треба да им се плати. Тоа е потврдено и со извештаите од ЈСП и со верификација од градот, и неспорно дека имаат право, затоа што тоа е одработено. Договорот е раскинат поради нивното застанување, неизвршување на превозот што е резултат на фактот дека не можат да ја вршат дејноста оти немаат пари нафта да стават во автобусите. Дополнително бензиските станици, доверителите кон кои имаат обвски, не ги сервисираат, оти долговите се големи. Ставени се во мат позиција, не можат да работат. 

Какви опции имаат превозниците кои се насочиле кон оваа дејност, дали можат да вршат друг тип на превоз со постоечките автобуси?

Јовановски:  Компаниите кои се регистрирани се за вршење дејност јавен линиски превоз, автобусите се само за вршење јавен линиски превоз, единствено можат да ги користат во градот Скопје, немаат можност да се прилагодат на вршење друга дејност, бидејќи законот предвидува дека фирмата мора да има регистрирана за линиски превоз на патници и тоа да го извршува, а автобусите не можат да го користат за други цели.

Се појави информација дека се исплатени пет илјади денари кон Слобода превоз, дали се ова средства за сите превозници, или само кон Слобода превоз, и дали е ова знак за некаков почеток за надминување на проблемот?

Јовановски: Изненадување е уплатата од ЈСП од пет илјади денари кое на некој начин е разбрано како провокација, бидејќи на толкав долг, да се уплаатат само пет илјади денари, најмалото задолжение кое го имате е провокативно, некоректно, и не укажува дека некој сака да се зафати со проблемот. Повеќе остава впечаток дека се остава на лични ставови, суети или пресметки кои директно ги погаѓа превозниците. Слобода превоз фактурира она што приватниците го извршиле, и ова се за сите превозници. Тоа се над 80 фирми. Исплатата е чудна, некоректна и вознемирувачка, и укажува дека некој си поигрува со целата ситуација, и сака да покаже доминација или сила од позиција.

Имаше неколку обиди, дали е воспоставен контакт со граданачалничката?

Јовановски: Немам комуникација со градоначалничката, отворен сум за средба иако се изнесоа невистини и лаги, а сите мои предвидувања се покажаа точни. Но, имаме акутен проблем, и треба да се тргнат настрана личните несогласувања, и градоначалничката треба да го гледа јавниот интерес и да го штити, кој сега е нарушен, но и да ги почитува потпишаните договори, кои и градоначалничката и ЈСП ги потпишале, а со тоа и нивните обврски кон приватните превозници. Ние имавме нарушување од ЈСП, и наместо правна реакција од наша страна, ние инсистиравме на договор... ние инсистиравме на одредено решение, ако не се најде, тогаш да се оди во постапка преку судот. Сите форми не се запазени, затоа велиме дека нема добра волја за решавање на проблемот од другата страна. Затоа велиме дека има лична суета поради кои се запоставени обврските кои ги имаме преземено едник кон други, но и кон граѓаните кои страдаат без јавен превоз.

Имаше и обид за кредитно задолжување на градот Скопје со најава за набавка на автобуси за јавниот превоз...

Јовановски: Советниците не се глупави да не препознаат дека иницијативата на градоначалничката за набавка на 50 автобуси беше само да се одвлече вниманието од проблемот, и дека еве наводно се решава проблемот, дека кога ќе се купат тие автобуси за ЈСП ќе се надмине проблемот. Тоа не помина, бидејќи да побарате од советот да купите 50 автобуси без тоа да го елоборирате со стручно мисење, јавна расправа е нелогично и никој не би го прифатил. Од друга страна и да се одобреше кредитот, до набавката на автобусите ќе пројде многу време, а ние денеска имаме акутен проблем во јавниот превоз. Тие автобуси би можеле да стигнат за две години ако се е во ред. Дополнително тие 50 автобуси би биле доволни да се покрие дупката за делот кој ЈСП го одржува во возниот ред, тоа е недоволно да ги покрие оние 100 и кусур автобуси и линиите кои ги покриаваат приватните превозици согласно возниот ред кој е усвоен од градот Скопје. И да ги имате веднаш тие автобуси, проблемот нема да се реши, бидејќи ќе биде само мало освежување за ЈСП. Меѓутоа нема да ја покрие потребата од приватните превозници.

Ако нема повратени информации ниту средби со градоначалничката или директорот на ЈСП, дали ќе се бараат други начини за решавање на проблемот?

-  Градоначалничката по двата неуспешни огласи, иако беше јасно дека никој нема да се јави, бидејќи не може да ги повикувате истите превозници на кои им должите пари, да направат нов долг, па после три четири месеци откако ќе ви вршат превоз да им кажете не ви плаќам, тужете. Одредбата треба да се реши со освежување на состобјите, со кои може и да ги принудите приватните превозници на понови поеколошки автобуси, или да бидат почисти, но и приватните превозници да се позаштитени, бидејќи парите кои ги уплаќаат граѓаните, се и за нив, бидејќи исполнуваат дел од јавниот превоз. Во случајот ништо од парите не им се исплатува, парите кои ги собира ЈСП, се одработени, но нив не им се плаќа, и покрај инсистирањето да се знае зошто парите се исплаќаат на други доверители, но не и на превозниците, нема одговор. Кој тоа го дозволува? Со тоа што не се споделува упатува на нешто сокриено. Тука советниците би требало да реагираат, бидејќи оној кој треба да им дава оттчет, со фактот дека возниот ред не се применува, се прекршува законот, но си има постапка во собранието која треба да се почитува... Не е доволно на говорница да се вика дека јавниот интерес ви е важен, а со вашето однесување директно да вршите атак на јавниот интерес, и некој за такво однесување треба да понесе одговорност.

Со сегашната состојба, без приватните превозници, не може да функционира јавниот превоз. Ако градот имал договор како што се збори со друг превозник, не е спорно, сите имаат желба за подообар превоз, ако тоа се прави низ транспарентна постпака, со најава, се е нормално, и нека тече натака. Но, не може да го оставите градот без јавен превоз, а потоа да го решавате проблемот. Прво да се обезбеди доволно превоз, а потоа да е елиминират превозници кои не одговараат. Не може да се фалите на пресови дека се е во ред, се си функционира, а на терен да не е така. Притоа вам да ви е доволно она што ќе го кажете на пресконференцијата, а во реалноста е сосема спротивно.. не ги кажувате бројките, но намалувањата ги трпат граѓаните.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР