21 Јануари, 2025
0.0301

ИНТЕРВЈУ КЕСКОСКИ: Кесковски: Одложувањето на изборната завршница може да ескалира во граѓански судир

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

“Политичката состојба во Македонија е крајно заострена и нестабилна  долг временски период. Иако  јавноста очекуваше изборите  да донесат стабилизирање и завршување на оваа сага во општественото живеење,  тоа очигледно не се случи. Ако продолжи досегашната реторика и демонстрација на нетрпеливост, ако тргне кон одмазнички поход  од било која страна, тогаш можеме да очекуваме нарушување на безбедносната состојба со граѓански немири”- вели за Фактор, универзитетскиот професор и поранешен  помошник-директор во Управата за безбедност и контраразузнавање,  проф.д-р. Златко Кесковски.

 “Многу фактори континуирано влијаат врз безбедноста. Пред се врз стабилната безбедносна состојба влијаат стабилната и конструктивна политика на сите политички фактори во земјава но и на институциите кои треба недвосмислено и професионално да ја извршуваат својата задача согласно законските регулативи. По изборите 2014 година земјава влезе во политичка криза во која реториката ескалираше во содејство со приближувањето на изборите во 2016. Таа реторика и анимузитет помеѓу политичките фактори во државата се прелеа и кај граѓаните до најниското ниво во општеството. Таквиот анимузитет лесно може да ескалира во судир имајќи ги во предвид одложувањето на изборната завршница и неизвесноста на резултатите кои граѓаните со нетрпение ги очекуваат”- вели професорот Кесковски.

Судирот, додава,  тешко се контролира. Одговорност околу евентуално нарушување на безбедносната состојба  според универзитетскиот професор ќе падне врз Државната изборна комисија.

“Евентуалната ескалација поради незадоволство и чувство на изманипулираност носи Државната Изборна Комисија која во ваква политичка нетрпеливост е должна и мора да излезе во најкраток можен рок но и транспарентно со конечни резултати позади кои ќе стојат сите политички фактори во земјата.Законско право е на секој граѓанин да поднесе жалба или приговор на решение донесено од било која институција, но обврска е на институцијата да донесе одлука поткрепрена врз законските регулативи. Никако поинаку, особено во ваква исклучително прегреана политичка атмосфера”- објаснува универзитетскиот професор и поранешен  висок полициски функционер.

Тензиите пред Државната изборна комисија не стивнуваат, а демне опасноста од можна ескалација на состојбата. Ваквата ситуација  според професорот ја подгрева одложувањето на изборната завршница и неизвесноста на резултатите за пратеничките мандати.

“Ако одлуките не се поддржани од сите политички фактори во земјава, тогаш какви и да бидат тие одлуки можат да донесат нарушување на безбедноста и прелевање на политичката криза на улиците со изразување револт предизвикан од недоверба кон единствената засегната институција во овој момент,  а во која учествуваат сите политички партии. Сите одлуки мора да се носат транспарентно и сите политички фактори мора да ги прифатат конечните резултати”- потенцира професорот Кесковски.
Стабилноста на една Влада според него зависи од стабилноста на политичките субјаекти кои  ја формираат.На земјава во овие како што ги оценува критични моменти и треба заедништво од сите политички субјекти кои ќе се справат со внатрешните и надворешните предизвици.

“Секако дека тесното мнозинство од било која страна не дава нималку комодитет, но секако дека може и да биде стабилна. Во овој момент, на Македонија и треба не само стабилна Влада туку и демонстрација на заедништво имајќи ја во предвид бегалската криза која во скоро време ќе ескалира, но исто така и голем број тековни и суштински проблеми кои се натрупани со оваа политичка криза, а би влијаеле врз секојдневното живеење на граѓаните. Новата Влада и опозицијата треба да ги прифатат предизвиците кои се пред нив, да го стабилизираат општеството и да превземат заеднички чекори кои ќе ја вратат довербата на граѓаните кон нив. Во периодов пред нас политичките субјекти дали во опозиција или на власт мора да покажат конструктивност, да демонстрираат заедништво и да ги смират страстите кај себе праќајќи порака на помирување”- нагласува професорот по безбедност.

Кризата според него ја продлабочиле  медијаторите кои како што вели не биле конзистентни во политиките за решавање на проблемите.

“Оваа криза ја продуцираа и би рекол ја продлабочија медијаторите кои во изминатиов период во неколку случаи и не се покажаа конструктивни кон решавање на истата но и неконзистентни во нивната политика, со што и се фрли сенка во вербата дека се заинтересирани за решавање на политичката криза без притоа да се приклонат кон една или друга страна. Сметам дека сите надворешни фактори, кои се најдоа себеси како медијатори сега се должни да и стават крај на оваа сага која се уште трае, а која лесно може да се прелее на улиците”- додава универзитетскиот професор.

 Очекува разум на највисоко ниво, квалитетна и зрела политика. Ако продолжи досегашната реторика и демонстрација на нетрпеливост, ако тргне кон одмазнички поход било која страна, тогаш вели може да се  очекува нарушување на безбедносната состојба со граѓански немири. Одговорноста според него е обострана и партиите мора да се свестат дека националните и општествените интереси се пред политичките, интересот за стабилност и просперитет на општеството и граѓаните е пред личниот интерес, што впрочем вели и треба да е предизвикот на еден човек да се впрегне во политичките води.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски