ИНТЕРВЈУ КИРАЦОВСКИ: Не можевме да претпоставиме што прави нашиот познаник Боки 13
Објавено во: Македонија 05 Август, 2019
За него во јавноста сега доста се зборува. Откако СДСМ на чело со Зоран Заев дојде на власт, Александар Кирацовски како генерален секратар на партијата, функција што веќе не ја извршува, беше човекот задолжен за многу партиски работи. Ама, се тврдеше и за партиските вработувања, па јавноста дозна дека по државните институции се сместени и повеќемина негови блиски роднини за кои реагираше и Државната комисија за спречување корупција. Самиот вели дека тоа не е точно а дека неговите роднини се жртви на овие вести. Кога зборува за тоа дека е актуелен и јавноста го споменува доста, Кирацовски вели дека за тоа не смета дека е привилегија. Разговорот е во време кога најактуелен е случајот „Рекет“, во кој во јавноста се зборува дека се инволвирани и членови на СДСМ. Вели дека никој од нив немало што да крие.
“Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија, вели Кирацовски.
Со вас разговарам во време на политички турбуленции и па ве прашувам прво, како ја доживувате актуелната ситуација во земјава – комоцијата на власта и позиционираноста на опозцијата во пресрет на клучни денови за државата?
Кирацовски: Мислам дека нашата држава веќе има развиено механизам и
„имунитет“ да се носи со сите предизвици. Имало и многу
поголеми политички и општествени турбуленции во минатото, па сме се справиле и
како граѓани и како држава. Само ќе ве потсетам на периодот после објавувањето
на „бомбите“, протестите и кампот на слободата,пржинските преговори, преодната власт ипостизборниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, кој трагично заврши, но стави крај на режимското
владеење.
Така што на актуелната политичка ситуација гледам како на еден нормален тек во
кој граѓаните очекуваат резултати, особено на планот на правдата и економијата.Ние како власт, откако ги отворивме европските перспективи макотрпно работиме токму на тој план, а опозицијата, која сеуште не можи да се
ослободи од груевистичката мантра, лови во матно и од секоја ситуација, бивало
или не, сака да
произведе политички поени.
Она што допрва не предизвикува како политички чинители се секако законот за судбината на СЈО, пописот, а најверојатно за скоро и изборниот законик, но сметам дека политичката зрелост и иднината на државата, кај сите нас преовладува пред партиските или поединечните интереси. Како и да е, земјата евидентно е пред официјален влез во НАТО и одредување на датум во октомври за почеток на преговорите со ЕУ, наша децениска заложба и заземање на местото каде што и вредносно и цивилизациски припаѓаме.
Не бев сменет, си заминав сам – „штафетета“ се предава
Бевте сменет од функцијата генерален секретар на СДСМ. На фејсбук се заблагодаривте, ама не коментиравте многу. Зошто бевте сменет токму вие? Кои се причините?
Кирацовски: Тука морам да ве исправам. Јас не бев сменет од функцијата, туку сам ја отстапив, првенствено поради лични причини, а потоа и поради објективни, дел споменати во одговорот на првото прашање. Тежината и обврските на функцијата Генерален секретар во партија која штотуку дошла на власт после 11 години опозиција и борба со режимот, без пардон ја рамнам со првите две општествени функции, каде за разлика од партиската, ја имате поддршката од бројните расположливи кадри која е мошне значајна.Ако сакате добро да ја обавувате, мора да се откажете од многу нешта, трпи и семејството, а ако кон тоа ги додадеме и бројните неоправдани етикети, разно-разни измислици, лажни вести и инсинуации (што од опонетите, што од внатрепартиски ингтриги, присутни во секоја партија) оваа функција станува мошне неисплатлива дури и погубна. Дополнително ќе ви споменам дека целото раководство, независно што победивме на претседателските избори, веднаш после истите од морални причини ги поднесовме нашите оставки, затоа што ценевме дека врвните, а истовремено и најтешки партиски функции, на неколку години, треба да се предаваат како штафета, принцип кој ретко во која партија егзистира. Во СДСМ е изграден принципот на „Штафета“ каде најтешките функции доброволно се предаваатапроксимативно на неколку години, а промената е достоинствена за секого. Дополнително на тоа, јас сум избран пратеник од Битола, ИЕ 6.Невозможно е истовремено да извршувате две сериозно функции, а бидејќи Битола,во овие две години остана само на еден пратеник, мојата неопходност како единствен битолски пратеник беше можеби пресудна да ја изберам пратеничката наместо партиската функција.
Во какви релации сте со
претседателот на СДСМ, Зоран Заев?
Кирацовски: Јас со претседателот Заев имам одлична релација, баш каква што може и треба да имаат двајца актуелни или поранешни блиски соработници. Тоа е човек со редок карактер и голема внатрешна сила. Токму на негов предлог уште од 2013 до 2017 годинабев потпретседател, а последните две години Генерален Секретар на СДСМ.
Заедно со него, а и останатите колеги од раководството,поминавме низ мошне тежок, историски период, заедно поминавме значајни емотивни, добри и лоши моменти. Заедно се боревме против режимот, и останувајќи заедно до последниот миг на последниот браник на слободата и демократијата во собраниската прес сала, станавме и „браќа по крв“ - изјава која Шилегов често малку на смеа, но повеќе сериозно ја споменува при нашите дружби. Нашето пријателство ќе биде вечно, независно од партиско политичките прилики и функции.
На оваа смена и претходеа настани поврзани со вас и вашето семејство – вработувања на ваши блиски за кои Антикорупциската препорача дека се со „врски“ односно со влијание. Јавноста па и некои медиуми пишуваа дека вие сте тој кој со тефтерот во рака ги вработува сопартијците во државните институции.
Кирацовски: Повторно ќе потенцирам, смената е доброволна и нема никаква
врска со било која шпекулација во јавноста. Вработувања со тефтер не може да се
случи во една демократска и отворена партија. Можеби во ВМРО-ДПМНЕ, но во СДСМ
не.Таа практика ја создаде сегашната опозиција додека беше
власт, а многумина не се ни обидоа да видат дека ние делуваме различно. Тој
впечаток ми создаваше големи тешкотии при работата, чие менаџирање изискуваше
многу време и енергија.
Околу вработувањето на мои блиски, немам што да додадам освен дека отидоа жртва
на мојата функција, напуштајќи ги работните места со кои јас немав допирна точка. За многу скоро токму од антикорупциска комисија ќе се
потврди дека за тие вработувања немало ни потреба од влијание, а едниот од
членовите беше вработен во приватна агенција за привремени вработувања, а не во
ЕЛЕМ како што се лиферуваше, но сега тоа не е битно. Евидентна беше хајката преку лажните вести која се случи токму
помеѓу првиот и вториот изборен круг од претседателските избори, каде јас бев
Шеф на изборниот штаб,па штетата врз мене некому му служеше
и за штета врз изборната кампања која на крај заврши мошне успешно.
Колку нови луѓе од СДСМ се вработени откако сте на власт?
Кирацовски: Искрено, таква евиденција не се води во СДСМ. Знам само дека овозможивме
членовите на СДСМ, конечно после една деценија, да ги уживаат истите права
еднакво со сите граѓани. Не велам дека немало злоупотреби, но истите се
санкционирале и партиски и општествено. Како што споменав претходно, откако СДСМ е на власт
невработеноста е намалена за 4,8 отсто, а отворени се над 49.500 нови работни
места и во приватниот сектор и во државниот сектор, а во обата сектора тврдам
дека вработени се граѓани кои се непартиски, кои се членови на СДСМ, ВМРО и останатите политички партии, граѓани од сите вери и
националности.
Опозицијата избира лица за ширење лажни вести
Велите лажни вести. Владата отвори фронт со тие вести. Што ви пречи конкретно?
Кирацовски: Тој феномен е доста проширен. Нема политичар или тема која во последните две години не бил предмет на лажни вести и тоа огранизирано лиферувани. Имам информации дека опозицијата има развиено цел центар за оваа намена, но за жал добива и поголеми размери. Пред некој ден, за Денот на републиката, сведоци бевме на 17 лажни вести, во еден ден за една тема. Лажните вести ни ја искривуваат реалноста, а со тоа ги искривуваат одлуките за битни прашања, со што се’ може да добие погрешен тек. Ќе ви кажам само дел од методологијата за креирање и лиферување на лажни вести.
Се одбираат компромитирани ликови, имаме еден таков пример на лице осудено за производство на наркотици пребегнато во СР Германија поради тешко дело – напад на службено лице-полицаец, како и други злодела, кое е редовен извор на лажни информации за многумина кои се таргет на одредени центри, но од чиј фејсбук профил, проопозициските портали редовно лиферуваат лажни вести кои на граѓаните им се пласираат како факти, а се чисти инсинуации. Иако, таа битка од старт им е загубена, затоа што вистината која е непобитна е посилна од лагата која се повторува 100 пати, но одзема време и напор кој може продуктивно да се искористи. Владата излезе со сериозен план за справување со оваа „чума“, што мислам дека ќе вроди со плод.
А какви се односите во СДСМ, внатре во партијата?
Кирацовски: СДСМ е државотворна партија со сериозна институционална меморија, политичка зрелост, сериозни кадри, изградени политичари и личности со државнички карактер. Како и во секоја партија на власт, повремено се јавуваат проблеми со „имунолошкиот“ систем, внатрепартиски битки за моќ и влијание, но тука мислам дека улогата на Зоран Заев како претседател и неговата неприкосновеност, е лекот кој се надевам уште долго ќе ги лекува повремените рани. Сметам дека нема посебни или драматични судири кои одат на штета на самата партија, а и да ги има, тука сме сите ние да ги санираме.
Генерално, СДСМ е зрела партија со искусно и трезвено членство кое има за цел и обврска кон државата да освои уште една победа на идните парламентарни избори.
Рекет е олицетворение на рекет
културата на ВМРО-ДПМНЕ
Актуелен е случајот „Рекет“. Како гледате на овој случај – тој разочара многу граѓани од аспект на нивната доверба во СЈО. Колку случајот Рекет фрли дамка врз законите за правна држава и владеење на правото кога постојат сомнежи дека корупцијата доаѓа од највисоки инстанци?
Кирацовски: Случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен, но за да така лесно се случува пред „очите“ на надлежните институции, сметам дека е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нефункционалноста и разјаденоста на најважните институции во државата како и шпекулативното наместо истражувачко новинарство зачинето со лажни вести кои повеќе и штетат на истрагата отколку што и користат. Но, овој случај, во мошне значаен период доаѓа како тест за функционирањето на правосудниот систем, органите на прогон и владеењето на правото и правната држава, со чие решавање или ќе се загуби или ќе се зацврсти довербата на граѓаните. Јас сум убеден дека ќе бидеме сведоци на второто. На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се. Сметам дека истрагата ќе стави крај на шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува. Кон СЈО не смее да се гледа низ призмата на поецинец, независно кој е (иако досега немаме официјална потврда за кого се работи), туку како кон институција во која сите првенствено имаме положено надеж, верба и државни ресурси, нешто во кое сум убеден дека малкумина се подготвени да потфрлат.
Каков исход очекувате?
Кирацовски: За случајот „Рекет“ очекувам и верувам дека ќе бидеме сведоци на една сеопфатна, транспарентна, длабинска, во разумен рок и до крај спроведена истрага, каде сторителите на кривични дела ќе бидат изведени пред лицето на правдата и низ непристрасен и праведен судски процес, секој ќе добие заслужена казна, за правдата да биде задоволена. Мислам дека токму преку овој случај ќе се потврди борбата против криминалот и корупцијата што ќе биде ветер во грб на општествената заложба за искоренување на ова зло и обврска до срж да се спроведат истрагите од овој тип.
Бојан Јовановски се среќаваше со многу луѓе
Се споменува и дека високи функционери од СДСМ се вклучени
директно во овој случај. Многумина од вас не ја криеја блискоста со сега
притворениот Бојан Јовановски. Во какви релации сте биле лично вие, но и ваши сопартијци? Исто така со него ве
поврзуваат и многу средби во институциите и на повеќе настани.
Кирацовски: Се сомневам дека високи функционери од СДСМ, кои добиле чест од
граѓаните и партијата би се впуштиле во вакво злодело. Го тврдам тоа, а и за многу
скоро ќе се потврди. Познанството
или пријателството е една работа, нечие делување надвор од законите е сосема
друга. Никој од сите нас немало ниту што да
крие ниту што да манифестира со било кого.Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш
познаник прави и какотоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски
имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател
на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако
лично не сум бил дел од таа невладина
организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити
дејствија.
Му помагал ли некој на Јовановски во изнудата, можно ли е тоа? Во
јавноста имаше такви шпекулации...
Кирацовски: Освен шпекулациите во јавноста и информациите од медиумите, немам никакви информации за овој случај. Овој случај е сериозно криминално дејствие кое не смее да се базира на шпекулации и квази-новинарски статии, туку само и единствено врз сеопфатна, длабинска и транспарентна истрага која ќе биде спроведена до крај.
Повеќе бизнисмени од Битола се пожалија дека биле предмет на
рекет. Ви се пожалил ли некој од нив, знаевте ли дека има вакви
притисоци пред да се отвори истрагата? Се споменува името на Силјан Мицевски?
Кирацовски: Лично никој не ми се пожалил, а и соодветното место за „жалба“ е обвинителството и МВР.Колку што имам информации споменатиот бизнисмен не бил предмет на случајот „Рекет“, туку имал за цел да изгради дом за стари лица. Во тој дел колку што можам да забележам се работи за облигациони односи помеѓу две страни, Такви договори се склучуваат секој ден помеѓу стотици страни, а неисполнувањето на истите подлежи на судска постапка.За идејата „Домови за стари лица“ на Бојан Јовановски и ние и јавноста одамна беше запозната, но за евентуални злоупотреби, не’, ни под разно.
Искрено, малку е чудно човек кој поседува медиум, кој јавно ја промовирал идејата за старските домови пред премиер, министри и градоначалници, јавно потпишувал договори, добил средства за таа идеја, а бизнисмени се нафатиле да градат со свои средства, сам да се саботира со неисполнување на истата. Или е некоја грешка во чекори или „случајот рекет“ ги повлече и „старските домови“, но во секој случај истрагата ќе потврди се.
Оваа афера
нема да го амнестира деценискиот криминал
Колку овие скандали го нарушија кредибилитетот на власта и верувате ли дека ќе оди истрагата до крај без оглед кој се е инволвиран во корупција?
Кирацовски: Овие „скандали“ среднорочно ќе го зацврстат кредибилитетот на власта, токму затоа што верувам и знам дека искрагата ќе оди до крај, без оглед на инволвираните. Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО.Прв кој го пријави овој случај е премиерот Заев. Во претходното владеење изворот на рекетот беше врвот на власта, а тука токму првиот владин човек е изворот на информациите кои помагаат да се сузбие ова зло. Споменав и претходно, овој случај е тест за функционирањето на правосудниот систем, органите на прогон и владеењето на правото и правната држава, а со исходот на истиот или ќе се загуби или ќе се зацврсти довербата на граѓаните. Јас сум убеден дека ќе бидеме сведоци на второто. Одговорност ќе има, и нема да се дозволи оваа афера и фамата околу истата ни за момент да ни го оттргни фокусот од ловот на деценискиот криминал, корупција и рекет од кои државата и ден-денешен се опоравува!
Дали СДСМ ги изгуби преговарачките позиции за силно СЈО, ќе притисне ли опозицијата да се прифати нивното решение за иднината на ова обвинителство кое треба да гони корупција и организиран криминал на највисоко ниво?
Кирацовски: Иднината на СЈО е можеби едно од најзначајните општествени прашања од кои зависи кредибилитетот на сите нас како политичари и сметам дека врз истото ништо не смее да нанесе сериозни тектонски пореметувања. Влијанието на овој случај единствено можам да го согледам во забрзувањето на процесот при спојување на СЈО со Јавното обвинителство. Позициите на СДСМ по однос на ова прашање не се тесно партиски, туку државнички, со што правото за ретерирање од истите е оневозможено од старт, барем кога се работи за суштинските елементи во преговорите за СЈО. Опозицијата е свесна, а и доби соодветна порака дека времето за политички игри, особено за значајните државни теми, помина.
Според новото законско решение СЈО се припојува кон постоечкото Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со што се основа ново Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција.
Со новото обвинителство ќе раководи јавниот обвинител на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а во новото обвинителство се префрлаат обвинителите,истражителите, архивата, материјалните средства и опремата на СЈО.
Сигурно главната препрека ќе биде кој ќе биде обвинителот кој ќе раководи со ова обвинителство, но добро е што ставовите на политичките партии, пополека се приближуваат. Расчистени се прашањата за финансирањето на обвинителството и зголемената одговорност на обвинителите.
Но главната наша заложба и обврска е токму тоа обвинителство да ги обвини виновните, кои низ соодветна судска постапка ќе одговараат за стореното.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.