20 Април, 2024
0.0278

ИНТЕРВЈУ КОСТИЌ: НАШИТЕ ПОСТАПКИ, ЗАСНОВАНИ НА ПОДАТОЦИ, НАУКА И ФАКТИ, ЗБОРУВААТ САМИ ЗА СЕБЕ

Објавено во: Економија, Интервјуа 15 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Иновативниот уред IQOS кој направи револуција во тутунската индустрија, веќе две години е во продажба и во нашата земја со што и македонските пушачи добија шанса да се приклучат кон визијата на Филип Морис за свет без чад. За ова, како и за  коцептот за намалување на штетите зборуваме со Иван Костиќ, генерален директор на Филип Морис ТКП.

Што е тоа поради штоIQOS да се смета за револуција во јавното здравје?

Костиќ: Пушењето денес е глобален здравствен проблем, а по се изгледа, ако не се промени пристапот, така и ќе остане. Тоа го потврдува и Светската здравствена организација, која предвидува дека покрај сите рестриктивни мерки кои ги преземаат државите, во 2025 година сепак ќе има повеќе од една милијарда луѓе кои пушат. Со нашите производи кои го загреваат тутунот, ние понудивме еден нов пристап кој има потенцијал да овозможи голем број луѓе да ги остават цигарите засекогаш.

Затоа што сметаме дека нулта толеранција, односно целосен прекин на потрошувачката на тутун, во било која форма, е очигледно тешко остварливо, што го покажува бројот на пушачи во светот. Нашиот пристап е пореален и се базира на принципот на „намалување на штети“ - да им се понуди на сите оние пушачи, кои од било која причина нема да престанат да пушат, алтернативен производ што е помалку штетен, како за самите нив,така и за луѓето околу нив.

IQOS е подобра опција затоа што, иако не е производ без ризик, испушта во просек 95 проценти пониски нивоа на штетни материи од цигарите.

Нашата земја, не само што е производител на тутун и тутунопроизводството претставува значајна стопанска гранка, туку се наоѓа и високо на листата на земји со висок процент на пушачи по глава на жител. Колку сте задоволни од прифаќањето на алтернативите во земјава?

Костиќ: Навистина сме задоволни. Речиси 14 милиони поранешни пушачи низ светот, денес веќе не палат цигари туку исклучиво ги користат нашите производи без чад. Потрошувачите во Македонија исто така сфатија дека со премин на оваа алтернатива ќе направат подобар избор. Задоволни сме со досегашните резултати, особено ако се земе предвид дека IQOS на овој пазар се појави пред две години, во екот на пандемијата со Ковид 19. Убеден сум дека овој тренд на премин кон алтернативните производи ќе продолжи со уште поголем интензитет. Верувам од причина што и во земјава е сé посилен трендот на грижа за сопственото здравје. И секако за здравјето на оние околу нас.

Која беше причината Филип Морис, најголемата тутунска компанија во светот, да започне сопствена трансформација и да тргне кон иднина без чад?

Костиќ: До пред некоја година сите мислеа дека тутунската индустрија е непроменлива константа и дека додека постои светот, ќе има пушачи и цигари. Но, ние во Филип Морис не мислиме така.

Основната идеја на ФМИ беше дека светот се менува, се менува начинот на кој комуницираме, начинот на кој патуваме, па и начинот на употреба на тутун. Односно дека пушачите, кои сакаат да продолжат да уживаат во тутунот, имаат потреба тоа да го прават на поинаков начин - користејќи помалку штетни производи, кои не создаваат чад и пепел, со помалку непријатна миризба. Секако како водечка светска тутунска компанија чувствувавме и одговорност да им понудиме на потрошувачите подобри алтернативи од пушењето цигари. И така ја започнавме сопствената трансформација, но и трансформација на целата тутунска индустрија.

ФМИ долги години инвестира во истражување и развој на технологии што ќе овозможат создавање производи со намален ризик во споредба со традиционалниот начин на консумирање на тутун. Идејата за развој на алтернативи на класичните цигари постои во нашата компанија околу две децении, но работата на нив се интензивираше во последните 15 години. Принципот на сите алтернативни производи се заснова на создавање на производ кој создава пониски нивоа на штетни материи, во споредба со цигарите. Благодарение на истите, ФМИ се приклучи на борбата за намалување на штетното влијание на пушењето на населението.

Се залагате за иднина без тутунски чад. Имате ли одговор за нешто што во моментов делува како утопија?

Костиќ: За многу нешта во минатото се сметаше дека се утопија, но станаа реалност. Истото се однесува и на печатените медиуми. Дури и генерациите што беа навикнати на читање весници, денес со развојот на технологијата, новите трендови и брзото темпо на живот, ги сменија своите навики за читање весници.

Слична дебата се води и во светот на тутунската индустрија. Филип Морис во 2014 година започна со остварување на својата визија за иднина без тутунски чад. И ние цврсто веруваме дека токму алтернаивните производи се иднината на тутунската индустрија. 

Дека се случуваат „неочекувани“ промени, доказ е и одлуката на Американската агенција за храна и лекови (ФДА) која го класифицираше IQOS во категорија производи со модифициран ризик. Кој можеше пред неколку години да претпостави дека ФДА, која важи за ригорозна институција, ќе дозволи за некој производ на тутунска компанија да се каже дека целосен премин од цигари на нашите производи кои го загреваат тутунот значително го намалува изложувањето на телото на штетни и потенцијално штетни состојки? А токму тоа го направи со одлуката IQOS.

Го спомнавте концептот за намалување на штетите.Што поинаку кажано значи дека, ако не можеш нешто целосно да спречиш, да се насочиш кон алтернативи кои предизвикуваат помалку штета. Колку ваквиот концепт, кога станува збор за алтернативите на пушењето, е прифатен во светот?

Костиќ: Во срцето на алтернативите што ги развиваме е непобитен научен доказ за потенцијалот на овие производи за намалување на штетноста на класичната цигара. Од друга страна, алтернативитебез чад што ги развиваме се валидна замена за цигарите во однос на вкусот, ритуалот и целокупното искуство. Овие два елементи, научни докази и прифатеноста од страна на полнолетните пушачи, ја формираат суштината на принципот на намалување на штетноста на тутунот на ниво на целото население.

Ова ги поттикна надлежните власти во многу земји за преземање сериозни чекори за надополнување на традиционалните мерки за контрола на тутунот и пружање шанса за алтернативниот пристап за намалување на штетност.

Суштината на овој концепт е престанувањето со пушење како најдобра опција, но на останатите  кои не се откажуваат, можат да користат помалку штетни производи како производи кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот, електронски цигари и други.

Голем број развиени земји го препознаваат концептот на намалување на штетноста од користење на тутунот.

Во 2017 година, Одделението за здравство на Велика Британија донесе петгодишен план за намалување на процентот на активни пушачи, во кој се поттикнува поширока употреба на алтернативни производи за кои времето покажува дека се побезбедни за здравјето на луѓето.

Слично, во Нов Зеланд од август 2020 на сила стапија законски решенија со кои се регулира и поддржува употребата на помалку штетни алтернативи на цигарите и пушењето.

И во Европа се препознаваат бенефитите за јавното здравје и се применуваат научните и иновативни решенија за намалување на штетност од пушење. Италија, Норвешка, Португалија, Грција се само дел од земјите кои прават чекори во овој правец.

Неодамна Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите спроведе мултидисциплинарен проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку  наука и истражување“ кој е во насока на поддршка за примена на концептот за намалувње на штетите.

Костиќ: Многу сум среќен што научната јавност во Македонија и тоа преку највисоката научна инстанца во земјата - МАНУ, во рамки на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“, спроведе проект во кој недвмосмислено укажа дека концептот за намалување на штетите е концепт кој е од корист како за граѓаните, така и за целата држава. Посебно сум среќен што и нашата компанија партнерски учествуваше во спроведувањето на овој проект. Со ова, МАНУ се приклучи на низата релевантни светски експертски и научни имиња и институции кои потврдуваат дека концептот на намалување на штета треба да биде препознаен од секоја прогресивна држава. Тоа значи дека ние, Филип Морис, кои пред седум години ја започнавме и сопствената трансформација, но и на целокупната тутунска индустрија кон свет без чад, веќе не сме сами во бобата против тутунскиот чад и сите негативни последици од него.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите