26 Ноември, 2024
0.2578

Маја Станковска Костова, генерален директор на Кроациа осгурување живот

Интервју Костова: Ковид кризата е и можност за осигурувањето, животното има голем потенцијал за раст

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ковид кризата донесе неизвесност во осигурителниот сектор, како и во целата економија. Од друга страна, свесноста за потреба од осигурување сè повеќе се зголемува во овој период, вели во интервју за Фактор, Маја Станковска Костова, генерален директор на Кроациа осигурување живот. Компанијата со која раководи во последните неколку години имаше органски раст кој резултираше со зголемување на капиталот, добивката од работењето и раст на премијата. До пред пандемијата и животното осигурување во земјата имаше двоцифрен раст, а трендот не запира. Станковска Костова вели дека потенцијалот за раст е голем и дека граѓаните сè повеќе стануваат свесни за потребата од поседување на полиса за осигурување живот. Вели дека понудата на производи за осигурување на живот, опфатот на осигурително покритие и достапноста се зголемува, особено со развој на Банко-осигурувањето, развој на UNIT LINK производи.

Какви се финансиските показатели во ова полугодие, кое впрочем го одбележа епидемијата на Ковид-19, која имаше и економски последици?

Костова: Кроациа Осигурување - Живот во изминатите години стана препознатлив бренд на пазарот на осигурување живот, градејќи доверба кај граѓаните што резултираше со заземање на лидерската позиција. Во текот на своето постоење, Друштвото преку остварените позитивни финансиски резултати во континуитет ја зголемува вредноста на капиталот кој е дури над 130 проценти повисок од законски потребниот, што укажува на фактот дека стабилноста и сигурноста на работењето се врвен приоритет. Во првото полугодие од 2020 година, и покрај предизвиците во секојдневното работење кои ги носи епидемијата на Ковид-19, Кроациа оствари позитивни финансиски резултати, евидентираме раст на добивката во однос на минатата година и ја задржавме лидерската позиција. Со поставените планови за идното работење, со сигурност ќе успееме во својата цел за одржување на висока ликвидност и адекватност на капиталот, јакнење на техничките резерви на Друштвото и зголемување на вредноста на капиталот, задржување на лидерската позиција на пазарот за животно осигурување, како и збогатување на портфолиото со развој на нови производи и воведување на иновативни бенефиции за нашите клиенти.


Конкретно, како кризата се одрази на Вашето работење и каква е, според Вас, суштината на влијанието на Ковид кризата врз осигурителниот сектор?

Костова: Кризата е предизвик, но историјата покажува дека кризните периоди носат иновативности, промени и нови потфати, прават селекција и опстануваат само оние што можат да се прилагодат на новите услови. Нашиот тим храбро се соочи со новата реалност.
Ова бараше брза реорганизација и прилагодување на нов начин на работење. Во овие вонредни услови покажавме дека имаме тим подготвен да одговори во кратки рокови на сите предизвици. Обезбедивме непрекината грижа и достапност на услугите за нашите осигуреници и целосна заштита на здравјето на вработените, преземајќи ги сите превентивни мерки. Кроациа има воспоставен систем за грижа на корисници што се потврдува и со меѓународниот сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2018, клиентски ориентиран систем со лесна онлајн-достапност на податоци за полисите преку апликацијата My Cro Account, VIBER -комуникација, LIFE Chat. Кризата нè поттикна побрзо да примениме дигитализација: интерно во секојдневното работење, со нашите осигуреници и деловни партнери, реализираме онлајн-состаноци, работиме на промена на работните процеси во таа насока, како и развој на дополнителни дигитални алатки за уште поголема и полесна достапност на нашите услуги.

Ковид кризата донесе неизвесност во осигурителниот сектор, како и во целата економија. Од друга страна, свесноста за потреба од осигурување сè повеќе се зголемува и ние внимателно ги следиме потребите на осигурениците и светските трендови и постапуваме во согласност со нив. Верувам дека осигурителниот сектор од кризата ќе излезе со нови вештини, знаење и со повисок квалитет на услуги за осигурениците.

До пред кризата, животното осигурување бележеше двоцифрен раст, а Кроациа буквално имаше најголем придонес. Кои се Вашите очекувања, со оглед на поместувањата кои ги прави кризата во сите сфери?

Костова: Сегментот на осигурување на живот како незадолжителна класа на осигурување имаше и сè уште има огромен потенцијал за развој. Граѓаните сè повеќе стануваат свесни за потребата од поседување на полиса за осигурување живот. На пазарот на осигурување на живот работиме во конкуренција на силни европски брендови што неминовно ја наметнува потребата од будно следење на светските трендови и потребите на осигурениците. Понудата на производи за осигурување на живот, опфатот на осигурително покритие и достапноста се зголемува, особено со развој на Банко-осигурувањето, развој на UNIT LINK производи, дополнителни осигурувања во сегментот на здравствено осигурување.

Имајќи предвид дека моменталниот удел на животното осигурување во вкупната полисирана премија изнесува околу 16 проценти, очекувано е да се прогнозира раст во вкупната премија во следниот период.

По стабилизација на економијата, влијанијата од глобалната пандемија се очекува понатамошно зголемување на резултатите во осигурителниот сектор поради голем неискористен потенцијал за развој на осигурувањето. Причината за ова е во тоа што значаен дел од осигурителните продукти не се од задолжителен карактер, но и појавата на нови ризици кои произлегуваат од динамиката на промени во глобалната економија и кои се појавуваат првпат и нудат нови можности за осигурителниот сектор.

Вие, Вашата кариера ја градевте во оваа компанија, како гледате на сиот раст – со колку средства управувате во моментов?

Костова: Мојот кариерен развој се одвиваше паралелно со растот на Кроациа. Пред повеќе од 11 години станав дел од продажниот тим на Кроациа Осигурување - Живот, продолжив извршувајќи работни обврски на повеќе позиции, а од пред речиси една година ја презедов позицијата Генерален директор. Кроациа е компанија која вложува во развој на вработените, дава можност за кариерен развој, се вреднува и препознава секоја иновативност. Работата во Кроациа ми претставува задоволство, максимално ме мотивира и ангажира. Одново и искрено се радувам на секој успех и постигнување на Кроациа.

Македонските граѓани во Кроациа Осигурување - Живот препознаа стратешки партнер за носење одлука за долгорочно штедење и сигурност што придонесе денес да имаме над 3,3 милијарди денари под управување.


Од тој аспект, кои се очекувањата за растот на премијата и со каква стратегија влегувате за следниот период?

Костова: Велат дека најголем успех е да им се помогне на што повеќе луѓе во животот. Ние се трудиме да го постигнеме тоа обезбедувајќи ја нивната финансиска сигурност во тешки ситуации.

Пазарот за осигурување на живот сè уште е во развој, па работиме на унапредување на финасиската писменост на населението. Ова за нас претставува можност и обврска за наш позитивен придонес во опшеството како општествено одговорна компанија. Резултат на овие залагања е натамошен раст на премијата.

Кроациа Осигурување - Живот АД  Скопје посветено, континуирано и професионално ќе продолжи да врши едукација на населението со цел зголемување на свеста за потребата од навремено преземање на конкретни активности за штедење и обезбедување на финансиска сигурност на секој граѓанин и неговите најблиски.

Клиентот ни е секогаш во фокусот на сите наши активности и секогаш настојуваме да обезбедиме најиновативна и конкурентна понуда.

Се стремиме секогаш да ги надминеме очекувањата на клиентите преку воведување на дополнителни бенефити и постпродажна грижа. Склучувањето на договор за животно осигурување за Кроациа е само почеток на предизвикот да се најде најдоброто решение за сите идни препреки, предизвици, барања и потреби на осигуреникот.

Силно верувам во брендот Кроациа и посветеноста на тимот во следниот период да направи значаен исчекор во понудата на осигурително покритие и унапредување на онлајн-достапноста на услугите.

Остануваме фокусирани на корпоративните вредности кои се насочени кон исполнување и надминување на очекувањата на осигурениците, деловните партнери и вработените.

Кои нови продукти ги нудите? На што сте фокусирани и какви се приоритетите?

Костова: Нашите осигуреници ни се највредниот извор на информации за тоа какви видови производи им се потребни. Може да се рече дека во развојот на новите подобрени производи сме во постојана интеракција со нашите соработници и осигуреници.

Резултат на тоа е еден интерактивен производ, целосно флексибилен, при кој осигурениците сами ја бираат гарантираната осигурена сума, нивото на ризик согласно афинитетите за можност за остварување на приноси, висина на осигурително покритие и вид на дополнително осигурување.

Понудата, дополнително, ја збогативме во доменот на дополнително здравствено осигурување, зашто многу често справувањето со здравствените потешкотии значи изложеност на високи финансиски  издатоци. Со овој продукт нашите осигуреници ги штитиме од непланирани трошоци.

Развивате производ кој во себе има инвестициска компонента, за што станува збор?

Костова: Осигурувањето на животот, поврзано со инвестициски фондови каде осигуреникот го носи инвестициониот ризик, односно UNIT LINK производите се релативно нови на нашиот пазар на осигурување, но често баран производ од клиентите.

Следејќи ги потребите на пазарот, понудивме дополнителни UNIT LINK производи. Во соработка со Друштвата за управување со инвестициски фондови, креиравме палета на UNIT LINK производи кои се флексибилни,  клиентот самостојно одлучува и избира производ согласно потребите.

Како ќе се развива концептот на осигурување живот во следниот период?

Костова: Независно до кога ќе трае Ковид кризата, очекувам  дека развојот на осигурување живот ќе биде во насока на користење на дигиталните алатки, заради удобноста и брзината на опслужување на клиентите: почнувајќи од онлајн-купување на производот и онлајн-достапност на сите услуги. Дигитализацијата ни овозможува да бидеме подостапни за осигурениците, побрзо да одговориме на нивните барања и да постигнеме повисоко ниво на задоволство, што е клучно во градење и одржување на доверба и заемно корисна соработка.

Секако, следниот период очекуваме усогласување со законската регулатива на ЕУ, усогласување со Солвентност II и Директива за дистрибуција на осигурување, што од преспектива на осигурениците значи зголемување на довербата во осигурителните Друштва, поради строгите правила за обезбедување солвентност, транспарентност и заштита на потрошувачите.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро