06 Октомври, 2024
0.0248

ИНТЕРВЈУ Крсте Шајноски: Кризата во Грција угоре високо – удолу длабоко!

Објавено во: Економија 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Какви мерки би можеле да бидат брана на евентуалните последици врз македонската економија, но и против одлевањето на капитал од земјава, за мерките што ги презема Народната банка на Република Македонија..., „Кирилица“ разговараше со економскиот аналитичар и универзитетски професор Крсте Шајноски. - Ваквиот развој на настаните во Грција предизвика вознемиреност и во нашата земја која има релативно развиени економски односи со Грција. Една од трите големи и една средна банка во Македонија се во доминантна сопственост на грчки субјекти. Трговската размена изнесува неколку стотици милиони евра, а илјадници македонски граѓани редовно годишните одмори ги поминуваат во Грција. А тоа каква ќе биде нивната иднина зависи од тоа какво ќе биде крајното решение-Грција со евро или драхма, односно Грција во ЕУ или надвор од ЕУ. Од она што е познато, засега, нема посериозни проблеми за банкарскиот систем во Македонија. Нашата централна банка ги има преземено сите неопходни мерки грчките превирања да не се одразат неповолно врз банкарскиот систем во земјата. Целосно се затворени вратите за можен одлив на капитал од Македонија во Грција. Банките нема да можат да даваат позајмици и да вложуваат кон Грција. Плаќањата по тековни трансакции продолжуваат како и досега. Нема никакви причини за вознемиреност. И гувернерот Димитар Богов пред некој ден излезе со смирувачки изјави потсетуваќи на заштитните мерки, но и на македонската регулатива во однос на домашните банки со доминантен странски капитал. Сепак, колку се навистина сигурни штедните влогови на граѓаните во банките со грчки капитал? - Сигурноста на штедачите во банките во грчка сопственост е гарантирана. Банкарскиот систем може да почувствува неповолно влијание (намалување на провизиите во работењето) само доколку се намалат потребите на домашните и странските субјекти за плаќања по тековни трансакции. А тоа зависи од развојот на настаните во Грција. Продолжувањето на рецесијата ќе ги редуцира извозно увозните текови меѓу двете земји, а со тоа ќе се намалат и потребите за плаќања. Неповолните влијанија можат да дојдат од нарушувањето на извозно увозните текови и другите видови на соработка. Во случај да дојде до излегување на Грција од еврозоната, што би значело тоа за Македонија? Како кризата ќе се одрази врз македонското стопанство? - Алтернативата за враќање на драхмата има и позитивни и негативни последици за грчката економија. Ефектите се гледаат низ призмата на неизбежната девалвација на драхмата во однос на еврото. Има проценки според кои таа за една година би девалвирала и до 50 %. Тоа би го стимулирало туризмот и извозот, меѓутоа, за процентот на девалвацијата ќе ги зголеми трошоците за отплата на долговите (државниот долг на Грција изнесува над 300 милијарди евра) и ќе ги зголеми цените на увозните производи, кои се значајна ставка во платниот биланс на Грција. Угоре високо-удолу длабоко. Како и кај нас. Со тоа што, ако се определат за драхмата, тие носат и одлука за девалвација. Бегајќи од мерките на штедење кои, всушност, се мерки за намалување на трошоците и за зголемување на конкуренцијата на грчката економија, кои мораат сами да ги спроведат ако останат во еврозоната (а македонската власт ги практикува со години), влегуваат во донесување на еднократна мерка со која се стимулира извозот а дестимулира увозот, се наградуваат штедачите а се оптоваруваат должниците. На политичарите така им е полесно. Бидејќи Грците се бунат против сиромаштијата која им се наметнува, полесно ќе се помират со неа преку порастот на инфлацијата (поради девалвацијата), особено ако таа биде последица од евентуална одлука донесена врз референдумско гласање. Девалвационите ефекти на драхмата неповолно ќе се одразат врз македонските извозници во Грција и ним ќе им изнудат дополнителни напори за зголемување на нивната конкурентност на грчкиот пазар, ако сакаат да го задржат пазарот. Меѓутоа, „ќе ќарат “ увозниците и македонските туристи во Грција. Со останувањето на соседната земја во еврозоната нема да се нарушат постојните ценовни односи на двете економии, а со реализирањето на Програмата за структурни промени во Грција се отвораат и можности за интензивирање на соработката, се разбира, ако сме доволно конкурентни. Се појавија информација дека грчкиот премиер ретерира и дека е подготвен да ги прифати условите на меѓународните кредитори, наспроти најавениот референдум на 5 јули. Неизвесноста продолжува. Но, да се потсетиме што беше тоа што ги зовре расправиите околу грчката должничка криза кон крајот на минатиот месец? - Нема сомнение дека тоа се случи поради истекувањето на крајниот рок за исплата на грчкиот долг од 1,6 милијарди евра спрема ММФ и нивното најавување дека тие не се во можност да го направат тоа до 30 јуни, доколку не им се пружи соодветна помош. Во исто време не се наѕираше успешен завршеток на преговорите за помош од „меѓународната тројка“ (ММФ, Европската комисија и ЕЦБ) за надминување на опасноста што произлегуваше од евентуалниот нивен неуспех- банкрот на државата, напуштање на еврото и на ЕУ, односно огромни штети на еврото и еврозоната. Веќе се лицитираше дали Грција ќе го напушти еврото и ќе се врати на драхмата. Се презентираа бројни анализи со аргументи „за“ и „против“ таквото решение. Многу од нив беа насочени да извршат притисок врз преговарачите да се изнајде заедничко прифатливо решение за да се избегнат драматичните ситуации било од враќањето на драхмата било од неповолната програма за помош (според Ципрас). Се работеше за последна игра покер во која влоговите беа огромни. Ципрас бара што поповолни услови за да ја преброди кризата, а институциите настојуваат да обезбедат практика на почитување на принципите врз кои почиваат институциите кои ги застапуваат. Господине Шајноски, како би ја сумирале актуелнава ситуација? - Очигледно е дека грчката должничка криза е во фаза на разврска, но се‘уште е неизвесно кој ќе е крајниот епилог, иако се насетува дека со „дополнително пазарење“ ќе се усогласи решение со кое ќе се избегнат ризиците и на едната и на другата страна. Факт е дека преговорите со кредиторите грчката страна ги прекина и за 5 јули најави референдум за тоа дали Грците се подготвени да ги прифатат условите што ги нудат кредиторите ( натамошно штедење и поддршка за структурни реформи) или да ги одбијат (зошто им е доста штедење) и да се соочат со последиците од напуштање на еврото и членството во Европската унија. Продолжувањето на животот според било кое решение да прифати грчкиот народ е полно со непознаници и неизвесности, поради што никој не е сигурен што е подобро. И не е случајно што премиерот Ципрас, и покрај подготовките за референдум, во понеделникот побара Еврогрупата да ја продолжи работата на програмата за помош на Атина. Прашање е дали ќе дојде до тоа, а непознато е дали тој очекува и дополнителни олеснувања (под притисок од најавениот референдум), на кои „тројката“ досега не беше подготвена. Или само сака, да има дефинитивна програма, бидејќи преговорите ги напушти без најава на претседателот на Комисијата Јункер, а бара одговор од народот дали треба да биде прифатен предлогот од „Тројката“. Водечките луѓе во Унијата очигледно се заинтересирани да се најде прифатливо решение за двете страни, а Јункер, согласувајќи се со референдумот истакна дека вратите за финализирање на програмата се отворени. Што ќе се случи, ќе видиме. Сега е јасно дека централната банка на Грција предложи прекин на работа на банките и мерки за ограничување на банкарските повлекувања. До тоа дојде откако бил одбиен предлогот Еврогрупата да ја продолжи за неколку дена работата на програмата за помош, а ЕЦБ не ја зголемила ликвидноста на грчките банки. Со тоа се доведе во прашање исполнувањето на обврската спрема ММФ од 1,6 милијарди евра и се отвори опасноста од прогласување на банкрот на државата. Дали ќе се случи или не, уште не се знае. Дури и да не го плати долгот према ММФ, банкротот изгледа нема да се случи деновиве, бидејќи „се откри“ дека Грција може да побара и автоматски да добие уште шест недели грејс-период од ММФ. „Ценкањето“ продолжува. Се чека резултат од референдумот. Паднаа и последните уцени. Ципрас ќе гласа против програмата на тројката, а претседателот на Еврогрупата Дијселблум изјави дека новата програма за финансиска помош (по референдумот) би можела да опфаќа построги услови од претходно утврдените. Како се случи Грција, а и други земји во еврозоната, да западнат во толкава должничка криза? - Можат да се наведат бројни причини. Меѓутоа, причина на причините е тоа што во еврозоната остана само со единствена валутна и монетарна политика, додека фискалната остана во надлежност на државите, а единственото валутно подрачје може ефикасно да функционира доколку монетарната и фискалната политика успешно се координираат. Овој недостаток не можеше да се надмине со воспоставувањето на критериуми кои не смеаат да се надминат-инфлација од 2%, буџетски дефицит од 3% и јавен долг од 60%. Кога сите земји членки на еврозоната би се држеле до нив, веројатно би се избегнала кризата во обем каков што се манифестира. Меѓутоа, повеќето земји ги пробија утврдените прагови. И не заради тоа што не беа одговорни, туку поради тоа што постоеше взаемен интерес на земјите со суфицити и земјите со дефицити. Првите имаа интерес да ги пласираат средствата по повисоки камати отколку во сопствената земја, а вторите, заинтересирани за побрз развој и пораст на животниот стандард на населението ангажираа колку што им беше достапно. Критериумите беа згазени. Се трошеше повеќе од дозволеното, и, за жал, многу нерационално, каков што е случајот со Грција. Однапред потрошија дури 1,5-2 годишни БДП. А убаво е кога се троши, меѓутоа, ако нерационално се троши, станува многу тешко кога треба да се враќаат долговите. Тоа сега се случува. Ваквото разбирање на проблемот укажува на позадината на досегашното „пазарење“ за условите под кои треба да се надмине кризата во Грција. Таа бара дел од одговорноста за неа да преземат и побогатите земји во еврозоната. А тие станаа свесни за тоа, но настојуваат цехот што треба да го платат да биде помал. Наскоро ќе видиме кој колку ќе плати.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта