26 Ноември, 2024
0.0321

Интервју со Елена Младeновска- Јеленковиќ, Директорка на М6 Едукативен Центар

ИНТЕРВЈУ МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ: Креирањето на позитивни општествени промени е императив на М6

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Едукативниот центар М6 во четврток (21.12.2023) ќе биде домаќин на Конференцијата “Женско лидерство – време е да скрши ‘стаклениот покрив’ преку премостување на родовиот јаз”, каде ќе се зборува за оваа актуелна тема, но за прв пат од еден поинаков аспект. Настанот ќе стави акцент на тоа како општеството и како секој пол и генерации ги третираат прашањата за родовата еднаквост.

Детали за оваасекогаш инспиративна тема, но и за предизвиците и настаните кои ја одбележаа 2023 година за М6 Едукативниот центар, дознаваме од извршната директорка Елена Младeновска- Јеленковиќ.

Откриваме и кои сè можности ќе ги понуди М6 едукативниот центар во годината која претстои, обезбедувајќи континурана поддршка за сите амбициозни бизниси и индивидуи кои се жедни за раст и напредок.

Годинава која изминува бевме сведоци на бројни нови проекти кои Едукативниот центар М6 ги воведе и кои прикажаа една поинаква иновативна перспектива во вашето работење. Кои од овие проекти вие ги сметате за најзначајни и според вас предизвикаа најголемо поместување на границите, односно позитивна општествена промена?

МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ: Изминатата година беше позитивна „пресвртница“ за нас . Силно се фокусиравме на нови пристапи и стратегии, иновативни проекти,  соработки и градење на тим кој кореспондира со нашата мисија за негување на континуиран развој.

Како позначајна активност можам да ја истакнам иницијативата и програмата Private Sector Engagement, која започнавме да ја реализираме заедно со швајцарскиот проект „Образование за вработување – Е4Е“.  Во оваа програма се вклучени како М6 Едукативниот центар, така и компаниите членки на Одборот на Старатели на Центарот кои се двигатели на промените. Вклучувањето во овој проект покажува дека македонските компании се спремни заеднички да креираат, насочат и финансираат иницијативи за развој на вештини, кои понатаму ќе донесат придобивки за приватниот сектор и вклучените кадри.

Во рамки на оваа програма М6, заедно со овие компании ќе развива тренинзи за среден менаџмент согласно потребите кои ќе ги утврди, бидејќи токму овој менаџмент е носечки столб на секоја компанија.

Компаниите членки во М6 се лидери во своите индустрии и вкупно вработуваат над 25.000 лица во државата. Во нашето семејство се Тиквеш, Алкалоид, Триглав осигурување, НЛБ Банка, Нептун, Кабтел, Кроација осигурување - Неживот, Кроација осигурување – Живот, Аутомакедонија, ЕОС Матрикс, Дуна, АМ Брокер, АМСМ, Витаминка, АМ Церт, Кромберт и Шуберт, Раде Кончар контактори и релеи, ЕВН, а свое членство за 2024-та најавија и Кожувчанка, Зегин, Раде Кончар ТЕП , Касис, Везешари, Виталија и ИТтуде.

Се надевам и верувам дека оваа бројка ќе расте во 2024-та година особено и со соработката која ја развиваме во моментов заедно со ТИРЗ и нивната посветеност за поддршка на вработените и компаниите во зоните.

М6 оваа година ја прошири соработката со различни институции и компании со цел да се иницираат и поддржат позитивни промени во општеството, компаниите и поединците и стана т.н. HUB кој ги спојува бизнисите со старт-апите и академската јавност.

Имавме година на значајни достигнувања и многубројни успешни инспиративни приказни. Заедно со нашите соработници инициравме и реализиравме настани на кои македонската јавност можеше да се информира и научи како да примени најнови светски практики како што се AI TECH самитот заедно со ТБМ, конференцијата за Неуромаркетинг заедно со Импала, конференцијата за Техничка анализа со SEEMT, настаните со Аspire акселераторот за поддршка на start up компаниите, глобалната недела на претприемништво со Start up Македонија, Самитот на ОБСЕ за младите лидери како поддршка на МНР, Македонска берза како и многу други.

Можеме да се пофалиме и со зголемено портфолио на тренинзи во повеќе области, обуки за млади лидери, а покрај редовната програма на обуки за лидерство за компаниите членки на Одборот на старатели на М6 имаме и обновена и проширена програма за дигитален маркетинг, за извонредност во извоз и логистика, обука за користење на вештачката интелигенција од страна на менаџерите во компаниите,  обуки за финансии за нефинансиски лица, нова академија за коучинг и менторство, обуки за бизнис вештини за ИТ и други.

Следи развој на тренинзи наменети за среден менаџмент во различни сектори како што е малопродажба, земјоделие и производство на храна како и за туризам, а доколку некоја индустрија или компанија има потреба од развој имаме капацитет да развиеме програми кои се т.н. tailor made. Таков беше примерот оваа година со Комерцијална банка, CMX, Усје, Бимилк и други компании.

Заради широката мрежа на надворешни соработници, и квалитетот кој го нудиме, М6 веќе неколку години соработува со ФИТР и нудиме менторска поддршка на компаниите, кои добиле грант од Фондот за иновации и технолошки развој и со тоа помага добиените средства да бидат употребени на најдобриот начин, кој ќе отвори можност на нови иновации во работењето и ќе донесе резултати со кои компаниите ќе успеат да креираат дополнителна вредност.

Неодамна потпишавме договор со IMPACT HUB и М6 стана корпоративен партнер на оваа светски позната организација која има над 110 локации во целиот свет.  Ова значи дека во следниот период сите, а особено младите, кои ќе сакаат да научат, дознаат за иновативен, инклузивен и одржлив развој ќе можат тоа да го направат преку М6.

За да се реализираат овие проекти потребен е одличен тим, а нашиот оваа година се зголеми со нови членови кои се професионалци во својата област и кои придонесуваат да ги оствариме зацртаните цели и идеи.

Можам да сублимирам дека нашата визија и силна посветеност на работењето го издигна нашиот едукативен центар на една нова височина каде постојаниот раст стана наша норма.

Забележително е дека посебно внимание обрнувате на следење на најновите трендови потребни за надградба на вештините, во таа насока бевте и ко-организатори на  AI Tech Summit кој беше прв од ваков вид во нашата земја, каква беше придобивката од организација на еден ваков настан?

МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ:  М6 едукативниот центар верува дека вештачката интелигенција има моќ да ги преобликува сите индустрии и токму затоа се трудиме да ги следиме најновите трендови од оваа сфера и истите да им ги доближиме на компаниите. Како дел од AI Tech Summit имавме можност да бидеме дел од еден настан со голем број на реномирани експерти во полето на вештачката интелигенција и нејзината примена во разни индустрии, кои споделија важни информации и знаење за можностите кои ги нуди оваа напредна технологија.

Од оваа конференција произлезе и обуката за искористување на придобивките на Вештачката Интелегенција наменет за менаџери и организиран од М6 во соработка со Институтот за вештачка интелегенција на Шведска, кој исто така обезбеди значајни информации за менаџерите кои ќе придонесат да воведат нови, современи техники во менаџирањето на работата.

Дополнително, анализиравме дека најчесто овие нови технологии ги применуваат ИТ професионалците кои пак за да напредуваат во својата работа имаат потреба од други, дополнителни вештини. За таа цел развиваме тренинг наменет токму за оваа индустрија која е брзорастечка во државата.

Споменавте и зголемување на бројот на вашите партнери, што тоа значи за вас во насока на унапредување на работењето?

МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ: М6 едукативниот центар работи по принципите на ESG во насока на остварување на целите за одржлив развој на ОН. Сите тренинзи, настани и проекти кои ги имплементираме се во таа насока. А токму една од целите, ако не и најбитна, е “Партнерство за остварување на целите”.

Сметаме дека немаме конкуренција бидејќи на конкуренцијата гледаме како на соработник. Имено, сме отворени за соработка со сите тренинг провајдери, со сите оние кои сакаат навистина да придонесат во развој во државата. Доколку ја гледаме поголемата слика и имаме за цел да направиме вистински промени мораме да се поддржуваме.

Во изминатите години  остваривме бројни значајни партнерства, кои ветуваат дека и во иднина заедно ќе го негуваме напредокот. Покрај оние кои ги споменав да не ги заборавиме универзитетите УКИМ и UACS и бројни невладини организации и институции како што се Здружението Вина од Македонија, МАСОМ (Македонската асоцијација на сомелиери), Македонската асоцијација за Човечки ресурси, АТА, Институт на Овластени Ревизори, СОС Детско село и други. Со Италијанската амбасада во Скопје работиме на проектот ААА – Aimentare, Ambiente, Agicoltura за информирање и соработка за земјоделие, екологија и производство на храна.

М6 соработува и со интернационални организации и тренинг центри како што се Steinbeis универзитетот од Германија, Mindvalley, AI Sweden, JBS тренинг центарот од Лондон. Она на што сме особено горди е соработката со Adizes онлaјн, преку која компании и индивидуалци можат да ја научат и применат методологијата на Исак Адижес, еден од врвните менаџмент гуруа во целиот свет.

Ние секогаш ги следиме трендовите во светот, потребите на компаниите и најмногу потребите на менаџерите и вработените кои се стремат да растат во рамките на нивната организација. Сите кои се пронаоѓаат во ова се наши потенцијални партнери и соработници.

Целиот овој наш пристап го препознаваат и поддржуваат медиумите во земјава и регионот и секогаш даваат поддршка и медиумски простор за иницијативите за да придонесат во остварување на целта, а тоа е позитивна трансформација и подобрување на општествените прилики.

Неколку години по ред сте фокусирани на имплементација на „М6 Чекор напред“  програмата која претставува платформа преку која еминентни лица од областа на политиката и економијата дискутираат и нудат предлог-решенија за актуелните теми и предизвици кои ги засегаат компаниите и граѓаните. Доколку треба да сумираме каков е досегашниот ефект од имплементација на оваа програма која има потенцијал да го поттикне општествениот развој во земјата и регионот?

МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ: Програмата „М6 чекор напред“, ја имплементираме во изминатите 2 години. Во рамкина оваа програма преку серија на конференции и обуки ги отвораме актуелните теми значајни за економскиот и општествениот развој на земјава и регионот. Темите секогаш се обработуваат на поинаков, иновативен начин. На овие настани, еминентни експерти од земјата, регионот и од странство дискутираат и нудат предлог-решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и компаниите и воедно претставуваат пречка за развој и напредок на општеството.

Станува збор за искусни познавачи на состојбите во економијата и политичките состојби, кои долго време работат во одредена област и се успешни во тоа што го работат, така што можат да дадат одговор на прашањата, да направат темелна анализа на овие проблеми и да предложат можни начини за нивно надминување.

Изминатите години  на овие конференции беа донесени многубројни корисни заклучоци и беа испратени моќни пораки кои ја подгнаа свесноста за прашањата на кои разговаравме.

Меѓудругото, разговаравме за потребните промени и реформи во земјите од регионот со цел да се обезбеди нивниот опстанок и иден развој, преку создавање поволни услови за развој на претприемништвото, за привлекување на инвеститори и за спречување на иселувањето од овие простори, особено на младите. Преку дискусија за потребата од реформи во земјоделието и стимулација за производство на храна со цел да се намали увозната зависност.

Можам да кажам дека креирањето на позитивни општествени промени е императив на М6 Едукативниот центар.

Во четврток на 21.12.2023 ќе се одржи Конференцијата Женско лидерство – време е да скрши стаклениот покрив преку премостување на родовиот јаз, која исто така е дел од платформата Step Forward на М6 Едукативниот центар. Што сè присутните на оваа конференција ќе може да очекуваат, најавивте еден сосема поинаков аспект на пристап кон ова прашање?

МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ: Токму така, настанот го замисливме од еден сосема поинаков аспект од тоа како оваа тема се обработува во државава и кој се е вклучен во овој процес. Значи зборуваме за вистинска родова еднаквост, а не само за женското лидерство. Докажано е дека едните исти пристапи носат исти резултати. Веруваме дека е време за проширување во пристапот и вклучување на мажите во ова движење, бидејќи почнува да се создава поголем јаз помеѓу половите.

Конференцијата претставува одлична можност подеднакво да се слушнат мислењата на жените и на мажите за родовата еднаквост со цел да се прошират видиците на темата родова еднаквост, но ќе биде и отскочна даска за формирање на нови заклучоци кој ќе дадат поинакви и ефикасни резултати доколку се применуваат.

Настанот ќе креира единствена прилика за инспиративни говори, панели и дискусии од страна на претставници од институциите, од дипломатскиот кор во земјава, личности кои се вклучени во креирање на општествените политики, претставници на бизнис секторот и младинските организации. Говорниците, мажи, жени и млади лица, ќе дискутираат од различен аспект  - како општеството и како секој пол  и генерации ги третираат прашањата за родовата еднаквост.

За сите овие прашања ќе се понудат решенија како да се премости тој јаз кој постои и како да се воспитуваат младите со цел новите генерации, рамноправно да  градат светла иднина заедно.

Би сакала да истакнам дека овој настан е вовед во новите тренинг програми кои се во планот на М6 за 2024-та, а кои имаат за цел развој на ESG филозофија на работење во секоја организација која треба да ја имплементира секоја компанија.

Едукативниот центар М6 е препознаен и по својата општествена одговорност кон заедницата , најавивте дека конференцијата посветена на родовата еднаквост ќе има и хуманитарен карактер, ќе може да споделите повеќе информации?

МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ:  Да, нашиот едукативен центар е силно посветен на поддршка на заедницата во која делува и токму затоа одлучивме и Конференцијата да има хуманитерен карактер. Со таа цел, присуството на конференцијата ќе биде со симболична котизација, а собраните средства ќе се донираат за децата и младите згрижени во СОС Детско Село.

Поради ограничениот број на места, а големиот интерес, конференцијата ќе може да се следи и онлајн. Имено, успеавме да се прилагодиме во време на пандемијата, да нема застој во реализација на плановите и затоа, во минатите години со поддршка на Тиквеш инвестиравме во опремување на центарот со најсовремена технологија за реализација. На онлајн и хибридни настани. Имаме и обука 4 дневна обука за организација на хибридни тренинзи, настани и конференции.

Вие сте институција кој инспирира и поттикнува напредок и постојан развој кој е особено неопходен време на рапидни промени и интензивна дигитална транформација. Кои се нови програми ќе ги сервирате во 2024 година, какви се вашите планови и што може со нетрпиение да очекуваме од М6 во годината која претстои?

МЛАДEНОВСКА- ЈЕЛЕНКОВИЌ:  Динамичниот начин на живот, интензивните промени и актуелната дигитална трансформација наметнуваат потреба од постојана инвестиција во надградба на знаењето како за бизнис заедницата така и за самите индивидуи.

Нашата стратегија се базира на детално изработени анализи кои ни отвораат јасна насока во кој правец треба да се движи како М6 така и сите компании и организации кои ни пружаат доверба.

Можам да најавам и дека следен наш предизвик на кој интензивно работиме е  регионално проширување на услугите кои ги нудиме.

Пред сите нас претстои возбудлива година, која верувам ќе ни донесе поголема инспирација во работењето.

За 2024-та, заедно со членките во Одборот на старатели и другите партнери, “ќе зготвиме” нови теми, нови решенија за напредок, ќе продолжиме да ги поместуваме границите со цел да оствариме успех кој ќе даде значителни придобивки за нашето општество. Да одиме “Чекор напред!”.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк