03 Јуни, 2020
0.0468

Интервју Наташа Блажева: Потрошувачкиот кредит „Мајка“ ќе ми помогне да ги реализирам желбите на моето дете

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 17 Мај, 2019

Како децата растат им се зголемуваат и потребите и желбите, ќе правиме детска соба, сакаме велосипед... и така натаму до бесконечност. Овој кредит за мене дојде како по порачка во право време, а се надевам и на многу други семејства  ќе им  помогне да ги реализираат нивните желби

Амбициозната и комуникативна Наташа Блажева е раководител на експозитурата на „Силк Роуд Банка“ во Кисела Вода. За себе и своите успеси во 10 годишното искуство во банката, вели дека е горда што е дел од тимот во компанија која има корпоративна вредност и каде секогаш е ценет и наградуван трудот.

„Силк Роуд Банка“ неодамна го претстави единствениот потрошувачки необезбеден кредит „MАЈКА“ наменет за сите жени, односно мајки кои што имаат деца до 6 годишна возраст, па за таа цел Блажева одговори на неколку важни прашања поврзани со овој проект.

* Според статистиката на Народна банка во последниот период има солиден кредитен раст, а тој е забележителен и кај потрошувачките кредити. Каков е трендот, какви се потребите на граѓаните?

- Да, точно така, сведоци сме на забележителен кредитен раст на ниво на банкарски сектор, а особено кај потрошувачките ненаменски кредити. Очекуваме овој тренд да продолжи и во претстојниот период до крајот на оваа година, од причини што потребите на граѓаните секојдневно растат и не секогаш своите потреби можат да ги финансираат од сопствени средства.

* За што најмногу се задолжуваат граѓаните и каква е вашата понуда?

- Банката во своето портфолио на производи и услуги нуди различни типови на кредитни производи за население и корпоративен сектор, со цел задоволување на потребите од дополнителни финансиски средства на сите. Нашето искуство кажува дека кај граѓаните најмногу интерес има за потрошувачките кредити, но не смееме да ги заборавиме и станбените кредити кои решаваат клучни егзистенцијални прашања за нив.

Тука би сакала да го истакнам станбениот кредит на банката кој е со најниска фиксна каматна стапка почнувајќи од 2.7%, а во тек е и промотивен период без трошоци за администрирање и трошоци за проценка.

Во нашето портфолио тука секако се и наменските преку нашите партнери и ненаменски потрошувачки кредити кои се без обездување, хипотекарни кредити со обезбедување и се разбира Американ Експрес кредитните картички.


* Од аспект на потрошувачките крeдити вие креиравте кредит „Мајка“ кој е наменет за жени, мајки кои имаат деца не постари од 6 години. Кои се карактеристиките на овој продукт? Од каде идејата за баш ваков кредит?

- При направени анализи на понудата на пазарот на кредитни производи кои ги нудат домашните банките, во Секторот за население во кој работам и јас наидовме на мислење дека скоро и да не постојат кредитни производи кои таргетираат одредена група на луѓе, односно население.

Кога го воведуваме овој кредит „Мајка“ идејата ни беше да излеземе во пресрет на сите оние жени, мајки кои имаат мали деца, а им се потребни дополнителни финансиски средства. При креирањето на производот водевме грижа, каматната стапка да е најповолна и конкурентна на пазарот и истата изнесува само 4.9% за првите 18 месеци. Сакам да истакнам дека „Мајка“ е ненаменски потрошувачки кредит, односно средствата од овој кредит може да се користат за задоволување на сите потреби кои би ги имал апликантот.

* Какви се условите за одобрување?

- Условите за аплицирање и одобрување се многу едноставни. Се што е потребно е жената кредитобарател со изводот од книгата на родени за детето да ја посети нашата експозитура како би можела да аплицира. Одобрувањето на кредитот во случај на комплетна документација се врши за максимум три работни денови од денот на аплицирањето.

* Зошто проектот „Мајка“ е добар за мајките? Дали ќе ви помогне и Вам?

- Проектот „Мајка“ е одличен потрошувачки кредит за сите оние мајки кои имаат дете до 6 годишна возраст. Со аплицирањето за кредит покрај неверојатно ниска фиксна каматна стапка од 4.9%, добивате и Американ Експрес кредитна картичка со што овозможуваме и дополнителни финансиски средства во висина од две плати за нашите клиенти. Тука би сакала да го истакнам и промотивниот период во траење до 31-ви јули, во кој што покрај тоа што нема трошоци за аплицирање и трошоци за администрирање на кредитот, со секоја одобрена апликација, односно исплата клиентот добива и подарок, пакет на производи за детето во вредност и до 100 евра. Производите кои се содржани во пакетот се внимателно селектирани и одбрани во зависност од годините на старост на детето и неговите потреби.

Кога сме кај прашањето, дали би ми помогнал и мене, знаете јас самата сум мајка на дете од 4 години и еве морам да откријам тука на размислување сме во семејството за аплицирање на овој кредит за задоволување на потребите на детето. Како децата растат им се зголемуваат и потребите и желбите, ќе правиме детска соба, сакаме велосипед... и така натаму до бесконечност.

Овој кредит за мене дојде како по порачка во право време, а се надевам и на многу други семејства  ќе им  помогне да ги реализираат нивните желби.


Можеби ќе ве интересира

ОКТА и вработените со еко акција донираа пречистувачи на воздух на Детската клиника во Скопје

ОКТА и вработените со еко акција донираа пречистувачи на воздух на Детската клиника во Скопје

Промовирана книгата „Најстари приказни“ од Томислав Османли

Промовирана книгата „Најстари приказни“ од Томислав Османли

Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Нова и несекојдневна атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM!

Нова и несекојдневна атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM!

Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата

Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата

Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега и со најдобри перформанси во класата

Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега и со најдобри перформанси во класата

Lyconet маркетерите неуморно работат и во вонредни услови

Lyconet маркетерите неуморно работат и во вонредни услови

Принципи за одговорни и етички комуникации потпишани од повеќе од 60 професионалци од целиот свет

Принципи за одговорни и етички комуникации потпишани од повеќе од 60 професионалци од целиот свет

За шопингот, виртуелниот живот, природата: Поларис истражување за однесувањето по Ковид-19

За шопингот, виртуелниот живот, природата: Поларис истражување за однесувањето по Ковид-19